06 Мај, 2024
0.0864

Михаел Солтер, Филип Морис ТКП : Инвестирањето во вистински луѓе е клучно за иднината на компаниите

Објавено во: Економија 04 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

„Eдна од моите најголеми лекции во текот на мојата кариера е дека условите на пазарот постојано се менуваат, затоа, никогаш не плашете се да се соочувате со предизвици, бидејќи тука учиме најмногу. Ова секогаш им го повторувам на моите колеги, особено на помладите, кои штотуку ја започнуваат својата кариера во Филип Морис. Учењето што го добиваме од тие предизвици е скапоцено, а можностите за раст се огромни“. Ова го истакна Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП на сесијата „Вреднување на нашето најценето богатство – луѓето“ во рамките на овогодинешниот бизнис самит „Македонија 2025“.

Зборувајќи за дилемата која постојано се поставува околу тоа што е најважно за бизнисот – клиентите или вработените тој посочи дека автентичноста на една компанијапроизлегува пред сé од луѓето коиработат таму. Притоа, еднакво е важно каков однос има работодавачот кон своите вработени, но и кон своите потрошувачи. Тоа се две работи на кои се посветува особено внимание во Филип Морис Интерншнл (ФМИ) на глобално ниво, во која се  цени резултатот што го постигнува секоја индивидуа одделно и тоа е единствениот услов за напредување во кариерата во рамките на глобалната компанија.


„Инвестирањето во вистински луѓе е клучно за нашата иднина, и затоа ние во ФМИ го правиме токму тоа. Големината на големите корпорации се рефлектира токму во ова - вработените да се чувствуваат дека се дел од големо семејство, да бидат горди на тоа и да се трудат да ги исполнат зададените задачи, придонесувајќи за раст нафилијалата, но и на глобално ниво за компанијата како целина. Ние сакаме сите наши 73.500 вработени ширум светот да се чувствуваат поддржани, почитувани и да имаат можност да го искажат целиотсвој потенцијал, без оглед на нивниот пол, возраст, раса, националност, родов идентитет, етничка припадност, сексуална ориентација, религија, попреченост или која било друга разновидност што ги прави самите видливи или невидливи“, рече Солтер.

Тој потенцираше дека во компанијата не постои поделба на вредноста на помали или поголеми организациски единици, а уште помалку поделба на вработените според која земја или од кој секторпотекнуваат. Тоа значи дека ако некој работи во деловна единица на мали пазари како што е Македонија, или на големи како Италија или Германија, вредноста е иста, заклучи Солтер.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години