02 Мај, 2024
1.1268

Милијарда денари за стечајците

Објавено во: Економија 21 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Државата во текот на целата 2019 година дала милијарда денари паричен надомест за стечајните работници преку Агенцијата за вработување. Големиот пораст на овој расход за една година се должи на Законот за материјално обезбедување невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата за стечајците изгласан на крајот од 2018. 

Според тукушто објавениот извештај на агенцијата за вработување, за новата група на стечајци опфатена со овие законски измени се издвоени 386 милиони денари. Со овоие законски услови се отстрани условот за лица кои по стекнување на право за материјален надомест биле вработени на неопределено време, а работниот однос им престанал или по нивна или одлука на работодавецот.

По законот за материјално обезбедување од 2017 се исплатени 495 милиони, а по истиот закон од 2007 уште 113 милиони денари. Дополнително, паричен надоместок за стечајни работници има од 28 милиони денари.Тоа значи дека државата исплатила околу шест милиони евра повеќе за стечајните работници во однос на една година претходно.

Новите барања можеа за да се поднесат до март 2019, а опфатени се 3.604 лица според најновите законски измени. Евидентирани се 8.173 невработени лица како корисници на правото на правото на материјално обезбедување како паричен надоместок.

На голем дел од стечајците кои со години протестираа за своите права, статусот им е решен и тие примаат надомест од 120 евра до пензионирањето, одлучено во 2017 година. На почетокот на оваа година беше усвоена уште една законска измена за невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата да им се овозможува материјално обезбедување.

Станува збор за лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Ова е за периодот  од 1 јануари  1993 до 30 јуни 2019 година во претпријатија со доминантна сопственост на државата или по нивна приватизација, доколку не го промениле единствениот матичен број на субјектот, а во случај на промена истите да произлегуваат од претпријатието со доминантна сопственост на државата.

Агенцијата за вработување главно се финансира од приходи од придонесот за вработување во висина од 1,2 отсто од бруто платата. Материјалното обезбедување на стечајците процентуално е најголем расход на агенцијата, поголем и од мерките и програмите за субвенционирање на плати и на самовработување.

Иако расходите на агенцијата се значително зголемени за една година и потрошени се 3,86 милијарди денари, сепак останати се 805 милиони денари недотрошени, што голем дел се должи на заштеда од претходни години.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија