07 Мај, 2024
0.0251

Милијардер кој 40 долари ги претвори во империја од 6 милијарди

Објавено во: Стил 14 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Дајмонд Џон сега е успешен милијардер, кој стои зад брендот „For Us By US“. И додека стои на 66 кат од Емпајер Стејт, и гледа во Њујорк се сеќава  за своите почетоци.

-Овој град ме зацврсти, јас сум производ на овој фасцинантен град.

Почуствувал дека во неговата заедница рап културата расте, па дошол на идеја да прави облека за млади и урбани жители на Њујорк. Во ноќта шиел маици, наменети за урбаната, млада популација, а наутро, пред смената во ресторан, одел на сетови на раперски спотови, и ги нудел своите производи на хип хоп изведувачи.

Најимпресивно е што почетниот капитал на овој, сега успешен бизнисмен, бил 40 долари, а имал и помош од неколку пријатели.

Денес има бренд вреден 6 милијарди долари. Станал вистински бренд гуру, кој соработува со светски ѕвезди, како ријалити семејствата Кардашијан и раперот Пит Бул.

И додека многумина сметаат дека за правење пари, се потребни пари, тој има спротивна теорија. Токму тој недостаток на пари може да биде поттик за креативност, и тоа го објаснува во книгата „Моќта на „шворцот““!.