07 Мај, 2024
0.0230

Милионерите во паника бегаат од Европа

Објавено во: Стил 02 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Милионерите во се поголем број ја напуштаат Европа поради растечките религиозни тензии, загриженост во поглед на кревката економија и прилив на мигранти од Сирија.

Ова го вели експертот Ендру Амуал од консултантската компанија „Њу ворлд велт“.

Според неговите предвидувања, милионерите „во голем број“ ќе ја напуштат Франција, Германија и Белгија, а најпопуларните дестинации за нивно заминување се Австралија и Израел, пренесува Си-Ен-Би-Си.

„Три од четири градови со најголем одлив на милиониери во 2015 година се во Европа, а тоа се Париз, Рим и Атина“, се наведува во извештајот на таа консултантска куќа.

Француската престолнина имала најголем одлив, бидејќи изгубила шест одсто од својата популација на милионери, или околу 7000 луѓе.

Од Рим минатата година си заминале 5000 милионери, од Чикаго 3000 , а од Атина 2000 според податоците на оваа компанија.

„Франција е тешко погодена со ескалацијата на религиозни тензии помеѓу христијаните и муслиманите, посебно во урбаните подрачја. Очекуваме миграцијата на милионери од Франција во наредната деценија да се забрза поради ескалација на овие тензии“, додава Амуал.

Франција и Германија имаат најбројна муслиманска популација меѓу членките на Европската унија, по 4,7 милиони муслимани секоја, според податоците на истражувачкиот центар „Пју рисрч“.

Франција исто така е дом на најголем број Евреи во Европа, кои во таа земја се околу 310 000. Како што се наведува, меѓу нив се зголемил стравот од антисемитизмот после минатогодишниот терористички напад на еврејска продавница во Париз, во кој загинале четворица Евреи.

„Околу 80 одсто од милионерите кои минатата година преминале во Израел дошле до Европа“, изјавил Амуал .

Истовремено, градовите со најголем прилив на милионери се Сиднеј, во кој лани дошле 4000 милионери, потоа Мелбурн (3000), Тел Авив (2000), Дубаи (2000), Сан Франциско (2000) и Ванкувер (2000).