26 Април, 2024
0.0275

Мина едно економско полугодие, штедењето сопре, пораснаа нефункционалните кредити!

Објавено во: Финансии 24 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Заврши првото банкарско полугодие. Заклучно со јуни, вкупната кредитна задолженост изнесува 3 милијарди и 638 милиони евра. Штедењето во вториот квартал е преполовено во однос на проекциите на НБРМ. Еве каква е состојбата по завршување на првото економско полугодие. Нефункционални кредити: пораст од 102 милиони евра Салдото на проблематични, односно нефункционални кредити заклучно со јуни достигна 439 милиони евра. Во однос на јануари, кога изнесуваше 381 милион евра, регистрираниот раст изнесува 102 милиони евра. Нефункционални кредити : јануари 381 623 376 евра јуни 438 863 636 евра Анализата на бројките покажува дека пораст на сомнителните побарувања на месечно ниво има кај денарските кредити, додека кај оние со девизна клаузула е забележано благо намалување. Сумираните јунски податоци покажуваат дека заклучно со првото банкарско полугодие, нефункционалните кредити ја надминаа психолошката граница од 12 % “Заклучно со јуни нефункционалните кредити на ниво на банкарскиот сектор изнесуваат 12,06%. Позначаен раст има кај спорните побарувања во приватниот бизнис, каде стапката се искачи на 15,5%, додека кај населението и останатите сектори спорните побарувања заклучно со јуни изнесуваат 7,03%“ - објаснуваат за “Фактор“ од Здружението на банкари. Од таму посочуваат дека веќе е надмината психолошката граница, но укажуваат дека натамошниот раст на лошите заеми би можел да влијае и врз приходите и добивките на банките. Кредити: пораст од 93 милиони евра Додека сомнителните и спорни побарувања за 6 месеци се зголемија за 102 милиони евра, кредитниот раст е со позабавено темпо. Заклучно со јуни, вкупната кредитна задолженост на фирмите и на граѓаните изнесува 3 милијарди и 638 милиони евра. Во однос на јануари е регистриран пораст од 93 милиони евра. Вкупни кредити : јануари 3 545 551 948 евра јуни 3 638 831 168 евра “Заклучно со јуни годинава, годишната стапка на вкупните кредити изнесува 3,7% и е над нивото на проекцијата за вториот квартал од 3,6%“ - пишува во најновиот јунски извештај на Централната Банка. За годинава, Народната Банка проектираше кредитен раст од 7 проценти. Дел од банкарите оценија дека и оваа проекција може да се смета како премногу оптимистичка во состојба кога банките и натаму продолжуваат со претпазлива кредитна политика а граѓаните се воздржуваат од поголеми задолжувања. Првиот човек на банкарското здружение и директор на НЛБ Тутунска Банка, Ѓорѓи Јанчевски неодамна изјави дека податоците за економски раст во првиот квартал навестуваат оптимизам за периодот што следува, но посочува дека растот треба да продолжи за да се рефлектира и во банкарскиот сектор. „Доколку стопанството има пораст тоа се одразува и кај кредитите за компаниите и кај кредитите за населението. Оптимистички е што во првиот квартал, Македонија излезе од онаа „статус-кво“ ситуација, пришто е регистриран раст од 2,9 %, а тоа на некој начин ќе биде сигнал и да пораснат кредитните активности. Доколку се продолжи тој тренд, се очекува и проектираните 7 % на раст на кредитите до крај на годината да се остварат“ – изјави Јанчевски. На месечно ниво, податоците покажуваат дека во јуни во однос на мај е забележан кредитен раст и кај денарските и кај девизните кредити. Депозити: пораст од 22,7 милиони евра Во јуни, вкупната депозитна база достигна вредност од 3 милијарди 986 милиони евра. Во однос на јануари годинава, за шест месеци е регистриран пораст од 22,7 милиони евра. Вкупни депозити: јануари 3 963 344 155 евра јуни 3 986 071 428 евра Стапката на раст на депозитите е под очекувањата и проекциите на Народната Банка. „Годишната стапка на раст на вкупните депозити на 30.06.2013 година изнесува 3,4% проценти и е под проекцијата за вториот квартал од 6,4%. На кавртална основа, заклучно со јуни, вкупните депозити бележат пад, наспроти растот планиран за вториот кавртал на 2013 та година“ - оценува Народната Банка во својот најнов извештај за јуни. На месечно ниво, во јуни во однос на мај, НБРМ регистрираше позначен пораст на вкупните депозитит од скоро 37 милиони евра, но сепак поради тоа што во текот на првото полугодие имаше и тренд на топење на депозитите, сумираните податоци за 6 те месеци покажуваат полгодишен раст од 22,7 милиони евра. Во јуни е забележан поголем раст на штедењето во евра отколку на штедењето во денари. Банкарите најавија можно намалување на каматите Дел од банкарските групации во земјава, со почетокот на јули најавија намалување на каматите за кредитите, а во пакет со тоа и на каматите за депозитите. „Следејки го трендот на намалување на референтната каматна стапка во земјава, како и 6 месечниот Еурибор од страна на Европската Централна Банка, може да се заклучи дека во близок период ке има определена доза на слаб притисок за намалување на каматната стапка на депозитните и кредитните продукти. Сепак сметаме дека во овој период нема да постојат реални услови за нивно драстично намалување со оглед на тоа дека нивото на нефункционални кредити и понатаму е на релативно високо ниво, што има значително влијание при дефинирањето на висината на каматните стапки на кредитите“ – изјави за “Фактор“ Владимир Ефтимоски, директор на Стопанска Банка – Битола. „Од друга страна кај понеризичните продукти како што се станбените кредити веќе подолг период се случува тренд на константно намалување на каматните стапки кои во вакви услови на работа веќе ја достигнуаат долната граница“ – оценува Ефтимоски. Според најновите јунски мерења на НБРМ, во изминатите три месеци каматите за девизните и денарските депозити останале непроменети, а приносите од денарското штедење биле попривлечни за граѓаните

Можеби ќе ве интересира

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување