06 Мај, 2024
0.0283

Министерката за финасии Ангеловска со порака: „Купувам домашно“ ќе создаде навики за купување домашни производи

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Купувањето на домашните производи и летувањето во земјата не треба да се однесува само на корисниците на домашните платежни картички и ваучерите, туку треба да го практикуваат сите граѓани бидејќи на тој начин даваме поддршка на домашната економија и за зачувување на работните места. Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција посочи дека овие две мерки се системски и промовираат повеќе промени кои треба да се воведат во општеството, како безготовинско плаќање, купување домашни производи, намалување на неформалната економија.

-Ова е многу повеќе од кампања, ова е многу повеќе од стимулирање на безготовинско плаќање, од важноста на плаќање со картичка - и поради ширење на заразата и поради тоа што тоа е начинот да се движиме кон современо општество. Воедно и поради сите аспекти како целосен голем и обемен проект кој навистина ќе придонесе да се амортизира ударот врз економијата и поради тоа што се работи за кампања за кревање на свеста, без разлика дали ја имаме картичката или ја немаме, сметам дека сите треба да бидеме свесни што значи купувањето на домашни производи, што значи одењето на одмор во земјата за економијата, за работниците за оние кои што се трудат и на кои им е потребна сега поддршката – рече Ангеловска.

Министерката за финансии посочи и дека во насока на поддршка на купување домапни производие направена промената за да се враќаат 20% ДДВ преку апликацијата МОЈДДВ за купување на македонски домашни производи.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години