МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ: Во последниве две години бројот на вработените ни се намали за 10 отсто, ни со новите огласи нема да успееме да ги пополниме испразнетите места
Објавено во: Финансии 28 Март, 2022
Министерството за финансии реагира на текст објавен од Фактор, во кој наведовме какви се огласи за нови вработувања се распишани во неколку државни институции.
„Во насока на начелата на отчетност и транспарентност, според кои се
води Министерство за финансии, а во однос на објавата: https://faktor.mk/platite-ne-se-mnogu-atraktivni-ama-e-preteshko-da-se-vleze---novi-oglasi-za-drzavna-sluzba-vrabotuvaat-finansii-sobranieto-dksk?fbclid=IwAR23JqeBZonpYv1nHNefwi-QY81fD51POSEUZ1yEVfTOg3-tH0mwOq-a7WY, би сакале да укажеме на фактот дека во Министерството за финансии, во последните две години нема зголемување
на бројот на вработени туку има намалување на иститот од околу 10 отсто.
Само по основ на пензионирање во текот на годинава ќе има одлив на 29 кадри од Министерството за финансии. Исто така, изминатите години, освен по основ на пензионирање има и заминување на кадри на други работни места, особено во приватниот сектор. Така, ако во 2020 година во Министерството за финансии биле вработени 380 лица, сега има вработено 343 лица. Тековниот оглас за вработување е во насока на обезбедување на кадри за непречено извршување на работниот процес во Министерството, и со истиот дури не се пополнуваат сите испразнети работни места во последните две години.
Во однос на констатацијата за висината на платите, дека се ниски, тие не отстапуваат од платите во останатите министерства. Она што го добиваат кадрите кои ќе се вработат во Министерството за финансии е навистина вредно професионално искуство на ниво споредливо со меѓународните финансиски институции. Министерството за финансии има високо реноме, не само во земјава, туку и во меѓународни рамки, за што потврда се партнерските односи и соработката со меѓународните институции“, се вели во реакцијата од Министерството за финансии, насловена како Одговор на нашиот текст.