Министерството за правда достави барање до судот за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2017
Пo oфицијалнo дoбиеното писмо од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија Централни полициски служби, денеска Министерството за правда достави барање до надлежниот суд во Скопје за подготовка на целокупната документација за екстрадиција на лицата Горан Грујевски и Никола Бошкоски.
Притоа, надлежниот суд е упатен на одредбите од
Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, Конвенцијата помеѓу Федеративна
Народна Република Југославија и Кралството Грција за взаемните правни односи од 1959
година преземена како републички пропис со чл. 5 од Уставниот закон за спроведување на
Уставот на Република Македонија и Европската Конвенција за екстрадиција со дополнителните
протоколи.
Министерството за правда во конкретниот случај постапува согласно законските одредби од
дпмашната регулатива и наведените конвенции.