Министерството за правда побара одговорност од претседателот по изгорената архива во кумановскиот суд
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2023
Министерството за правда во отворена реакција преку јавноста го предупреди Судскиот совет дека пет месеци одолговлекува и не презема мерки за утврдување на одговорност и санкционирање на в.д. претседателот на Основниот суд Куманово за констатирани злоупотреби на АКМИС системот за прераспредлеба на предмети. Ова следи откако преку нож изби пожар во зградата на кумановскиот основен суд и пеплоса архивата.
Министерството за правда информира дека и покрај укажувањата и писмените дописи за констатирани неправилности во работата на Основниот суд Куманово, Судскиот совет одолговлекува и не постапува по Извештајот кој е изготвен од нивна страна и јавно објавен на веб страницата на Советот.
„Имено, Судскиот совет беше во работна посета на Основниот суд Куманово на 1 февруари годинава и подготви Извештај каде се констатирани низа нарушувања на угледот на судиската функција, направени се груби повреди на начелото на недеискриминација по било која основа,користење на несоодветен вокабулар, навреди и омаловажувања на вработените од страна на в.д претседателот на судот како и злоупотреба на АКМИС системот, кое во голема мера влијае на односите и работењето на судот“, реагира министерството.
Министерот за правда Кренар Лога на 11 април еднаш веќе испратил писмен допис до Судскиот совет со брање за преземање на соодветни мерки. Во Извештајот се наведени злоупотреби на АКМИС системот и исклучување на одредени судии од автоматската распределба на предмети.Лога на 22 јуни реагирал уште еднаш ургентно на 22 јуни
„Министерството за правда уште еднаш го повикува Судскиот совет да постапи согласно своите надлежности, бидејќи неказнувањето на вакви случаи ќе доведе до дополнително нарушување на угледот на Советот, а со тоа и намалување на довербата во правосудството“, додава министерството.