Mинусни температури измерени во овие градови
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2017
Во повеќе македонски градови утрово се измерени температури под нулата.
Во Берово утрово е измерена најниската температура во државава, минус три степени, додека највисоката беше во Дојран, плус шест.
Измерени се -2 степени во Скопје Петровец и Струмица, -1 во Крива Паланка и Битола, 0 во Гевгелија, Куманово, Демир Капија, Прилеп, Скопје, Лазарополе и Тетово, еден степен во Штип, два во Пожаране, три во Охрид, Крушево, Тополчани, Претор и Маврово, четири во Ѓуриште и Виница и пет во Дебар.
Утрово е облачно со појава на магла по котлините, а во попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд, кои на планините ќе преминуваат во снег. Максималната температура во текот на денот ќе биде од 10 до 16 степени.
Во Скопје претпладне ќе има магла и ниска облачност, а попладне се очекува облачноста да се зголеми, а највисоката температура да достигне 11 степени.