03 Мај, 2024
0.0241

Миризливите свеќи предизвикуваат рак

Објавено во: Стил 11 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Вообичаените производи кои ги користиме како освежувач на простори, како миризливи свеќи и било какви освежувачи, може сериозно да го загрозат нашето здравје, се тврди во последното истражување кое го направило британскиот Центар за заштита на здравјето од хемиски и радиоактивни елементи.

Имено, истражувачите заклучиле дека долготрајната изложеност и вдишување на тие производи може да доведе до развој на тумор, оштетување на белите дробови и астма. И не само тоа, нивниот хемиски состав може да влијае дури и на мутацијата на структурата на ДНК ланецот.

Ако сте меѓу оние кои сакаат да уживаат во мирзиливите свеќи, сигурно ќе ве шокира фактот дека мирисите како оној кој потсетува на темјан во свеќите може да предизвика канцерогени мутации на ДНК. Токсичните хемикалии од таквите свеќи може да се вовлечат во белите дробови каде предизвикуваат сериозни реакции, дури и повеќе од , на пример, тутунските производи, пишува  Womansday.

Освежувачите на воздухот се почесто се поврзани со астматични напади кај мажите и пореметување на хормонскиот статус кај жени, а еден дел од истражувањето недвосмислено покажал и дека високото ниво на формалдехид кој овие производи го користат , може да предизвикаат рак на грлото и носот.

Она што најмногу загрижува е фактот дека миризливата свеќа не треба ни да биде запалена за да биде штетна за здравјето. Имено, само нејзиното присуство во вашиот дом е многу опасно, бидејќи таа цело време испушта штетни хемикалии.

Од друга страна, земањето на такви свеќи во раце, ризикувате вашето тело тие токсини да ги апсорбира низ кожата, пишува Дејли Мејл.

Ова е практично само продолжение и потврда на претходни студии кои магазинот “International Journal of Public Health” го спроведе во 2013 кога е востановено дека трудниците кои биле изложени на освежувачи во просторија родиле деца кои биле склони кон белодробни инфекции.