Мисовски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја штитат платформата „лева рака десен џеб“
Објавено во: Македонија 11 Април, 2017
Пратеникот на НСДП, Горан Мисовски, денеска повторно во Собранието рече дека не постои никаква платформа и дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја штитат платформата „лева рака десен џеб“.
Тој кажа дека претседавачот Трајко Вељаноски и шефот на државата, Ѓорѓе Иванов имаат должност да го кочат Собранието, додека не заврши мандатот на СЈО, затоа што најголем дел од Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се соочени со казна затвор од минимум пет години.
„Вие грчевито се борите, да го заштитите криминалот, ми се врти една мисла од „бомбите“, каде Ставрески и вели на Јанкулоска – „ние сме лудаци“, а таа му вика „ако вака продолжиме еден ден сите ќе завршиме во затвор“- изјави Мисовски.
Пратеничката од коалицијата на СДСМ, Ѓулумсер Касапи, побара од претседавачот Трајко Вељаноски, конститутивната седница да ја води како што треба.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и денеска зборуваа дека е загрозен унитарниот карактер на Македонија.
Ова е 11-то продолжение на конститутивната седница во Собранието.