26 Април, 2024
0.0297

Млади математичари од цела Европа се натпреваруваат на голем турнир во Скопје

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Млади математичари од Централна и Источна Европа два дена престојуваат во Скопје каде се натпреваруваат на меѓународен математички турнир чиј домаќин е училиштето „Нова“. Основци од образовни институции од седум држави кои минале повеќе нивоа на селекција уште пред да се појават на натпреварот, денес и утре ќе решаваат комплицирани, логички математички задачи. Имињата на најдобрите, на најподготвените и најбрзите математичари ќе се знаат во сабота во попладневните часови, а победниците ќе добијат медали и дипломи.

Турнирот е дел од програмата и активностите на асоцијацијата CEESA во која членуваат меѓународни училишта од Централна и Источна Европа меѓу кои и „Нова“. Во Скопје престојуваат 60 млади математичари од повеќе од 22 националности кои се натпреваруваат индивидуално и тимски решавајќи различен тип на задачи.

Идејата зад асоцијацијата CEESA е да се разменуваат искуства со цел да се подобри квалитетот на работа, но воедно формирани се и лиги за повеќе спортови како и академски натпревари. Основци од Македонија постојано ги мерат силите со млади математичари од други земји, но овој пат се и домаќини на настанот.

- Задачите кои се решаваат на овие натпревари се исклучителни тешки, но идејата не е да се тестира колку формули или равенки знаат децата туку да се погледне како размислуваат. Тие треба да размислуваат логички, да употребат принципи и правила кои ги научиле во математиката за да стигнат до вистинскиот одговор. Искуството покажува дека голем дел од основците кои учествуваат на овие турнири понатаму продолжуваат да се дообразуваат и да се занимаваат со професии кои на некој начин се поврзани со математиката – велат од „Нова“ посочувајќи дека наши млади математичари повеќе пати имаат учествувано на овој натпревар и имаат освоено злато и бронза како тим, а индивидуално вообичаено се пласираат помеѓу првите десет.

Во рамки на асоцијацијата CEESA паралелно се одржуваат голем број на натпревари, па така додека Скопје е домаќин на турнирот по математика за основци, во Москва се случува математички натпревар за средношколци, а во Загреб е турнирот во општи знаења кој е концепиран како квиз.

- Лани турнирот во општи знаења наречен CEESA Кnowledge Bowl се одржа во Македонија, кога бевме домаќини на екипи од повеќе земји. Тогаш нашите ученици ги освоија и првото и второто место. Се надеваме дека и овојпат ќе можеме да прикажеме солидни резултати – завршуваат од „Нова“.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет