ММФ ПО ВТОР ПАТ ЌЕ ЈА НАМАЛИ ПРОГНОЗАТА: Растот во светот ќе биде помал
Објавено во: Економија, Корона Вирус 12 Мај, 2020
Eкономскиот раст во светот веројатно ќе биде помал од прогнозираниот.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) веројатно ќе ја намали својата прогноза за раст на глобалната економија, изјави шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева.
ММФ ќе ја намали прогнозата по вторпат годинава, бидејќи пандемијата од коронавирусот се одрази на многу економии.
Најновите податоци што доаѓаат во организацијата од многу земји се полоши од веќе песимистички проекции на ММФ.
Таа вели дека е многу веројатно дека во јуни ќе ги ажурираат нивните проекции.
Никогаш претходно не сме биле сведоци на вакво запирање на светската економија, предупредија од ММФ и Светската здравствена организација.