03 Мај, 2024
0.0254

„МОЈОТ БИЗНИС ТЕЖИ ОКОЛУ ПЕДЕСЕТИНА МИЛИОНИ ЕВРА, ПОВЕЌЕ ИЛИ ПОМАЛКУ“ - Имер Селмани ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

Објавено во: Економија, Македонија 04 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Мојот бизнис сигурно тежи околу педесетина милиони евра. Оваа ексклузивна информација за првиот подкаст „Бизнис муабети“ на Фактор, ја открива Имер Селмани, бизнисмен, поранешен политичар, министер за здравство, пратеник, а на јавноста ѝ е познат и по тоа што беше претседателски кандидат и освои одличен број гласови и меѓу македонскиот дел од гласачкото тело во земјава.

Тој за „Бизнис муабети“ ги открива почетоците на неговиот бизнис, кои му овозможиле да стигне до сегашната вредност на неговата актива.  

„Татко ми имаше едно такси возило, товарно возило, и се сеќавам дека во 1992 или 1993 година, тој имаше толку доверба во нас за да ни ја даде својата тогашна заштеда од три- четири илјади марки колку што тогаш имаше, и да ни го отстапи возилото со кое тој тогаш заработуваше за семејството“, вели Селмани. 

На прашањето на новинарот Иванов - колку денес тежи Имер Селмани, после 30 години откако го почнал бизнисот со три до четири илјади марки, бидејќи тоа е заработено од бизнис, а не украдено, и е нормално да се сподели со јавноста, Селмани со одговор:

„После 32 години, значи милиони евра сигурно, сега не би знаел колку се, дали се педесетина милиони евра, повеќе или помалку, меѓутоа милиони евра, да“, вели овој бизнисмен за подкастот „Бизнис муабети“.


Целиот разговор со Селмани на „Бизнис муабети“ на Фактор ќе можете да го погледнете во текот на утрешниот ден. 

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски