04 Мај, 2024
0.0253

МОЌНИ И СИЛНИ: На тројката „капиталци“ им се придружи уште еден „милијардер“ - еве колку сега тежат домашните банки

Објавено во: Финансии 11 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка ја зацврстила својата позиција на убедливо најголема банка во земјава. Нејзината актива заклучно со крајот на минатата година достигнала 2,157 милијарди евра, со што таа банка останува убедливо на врвот на листата како најмоќна банкарска институција во државава.

За само една година, односно во споредба со крајот на 2019 година, активата на банката предводена од долгогодишниот прв човек Хари Костов, пораснала за дури 156 милиони евра. Или, тогаш оваа банка имала актива од нешто малку повеќе од две милијарди евра.

Народна банка на Македонија ги објави податоците за активата на македонските банки, кои се многу интересни од повеќе аспекти, дотолку повеќе што домашната банкарска сцена во текот на минатата година остана без една банка, односно Еуростандард банката на Трифун Костовски, на која Народна банка и ја одзеде дозволата во август минатата година.

Фактор прави анализа за тоа како се сега рангирани според големината македонските банки, според последните податоци што ги објави централната банка.

Инаку, според најновите критериуми на НБМ, во групата големи банки влегуваат оние чија актива е поголема од 664 милиони евра, а такви во земјава се пет банки. Средни се шест банки, а нивната актива треба да е поголема од 166 милиони евра и помала од 664 милиони, додека, пак, сите оние банки чија актива е пониска од 166 милиони евра, влегуваат во рангот на мали банки, и такви во земјава се три банкарски институции.

Втората банка после Комерцијална е Стопанска банка Скопје, зборуват податоците на централната банка. Стопанска банка Скопје на крајот на ланската година имала актива од 1,724 милијарди евра, што е за 103 милиони евра повеќе од активта што ја имала на крајот на 2019 година, 1,621 милијарди евра.

Третата банка, НЛБ Банка, буквално и дише во врат на Стоапнска банка Скопје, прикажувајќи актива на крајот на 2020 година од 1,574 милиони евра. Ако се има предвид дека НЛБ Банка една година претходно имала актива од 1,437 милијарди евра, значи дека за една година капиталот на оваа банка е зголемен за 137 милиони евра.

Халк Банка, банката во подем и четврти значаен банкарски играч според големината на македонскиот банкарски пазар, влегува во рангот на банкарски „милијардер“, надминувајќи ја сумата на актива од една милијарда евра. Или конкретно, на крајот на минатата година Халк Банка веќе достигнала актива од 1,089 милијарди евра, откако една година претходно имала 933 милиони евра. Или, капиталот на таа банка за една година пораснал за дури 156 милиони евра.

На петтата позиција е Охридска банка, последна од големата банкарска петорка, односно од категоријата на големи банки. Нејзината актива на крајот на 2020 година била на ниво од 738 милиони евра, што е за 49 милиони евра повеќе од претходната 2019 година.

Како што е познато, Охриска банка се присоединува кон Шпаркасе банка Македонија. Во јануари годинава Надзорниот одбор на Охридска банка го одобри склучувањето на Спогодбата за присоединување на Охридска Банка кон Шпаркасе Банка Македонија, а по одобрувањето спогодбата била и потпишана. Спогодбата ќе стане полноважна по одобрувањето од Собранието на акционери на двете банки, а по добиена претходна дозвола за статусна промена од страна на Гувернерот на Народната Банка. Кога таа постапка целосно ќе заврши, новата банка би требало да избие на четвртата позиција.

Имено, сега Шпаркасе банка има актива од 429 милиони евра, што заедно со онаа на Охридска банка, би изнесувала 1,167 милијарди евра, и новата банка би избила на четврто место. Со тоа би се создала многу посилна конкуренција меѓу големите банкарски играчи на финансискиот пазар.

Инаку, Шпаркасе сега е средна банка и е на седма позиција, додека пред неа, сппред податоците од крајот на минатата година, била Прокредит банка, исто така средна банка, со актива од 574 милиони евра, која е на шесто место според големината.

Осма е УНИ Банка, чија актива е 386 милиони евра, што е раст од 17 милиони евра во однос на една година претходно. Развојната банка на Северна Македонија има актива од 195 милиони евра и е деветта, Стопанска банка Битола со 179 милиони евра е на десетто место, а последната средна банка е Централно-кооперативна банка, со актива од 172 милиони евра.

Како што е познато, се до август во групата средни банки влегуваше Еуростандард, чија актива лани изнесувала 155 милиони евра. Сега таа банка е ликвидирана и за неа се води стечајна постапка.

И конечно, во групата на мали банки прва е ТТК банка, со актива од 114 милиони евра, по неа е Силк Роуд банка со актива од 113 милиони евра, и конечно Капитал банка, чија актива изнесува 44,5 милиони евра.

Инаку, Фактор веќе ги објави бројките за профитабилноста за македонските банки за минатата година, кои говорат дека и во време на корона, тие имале раст на вкупниот профит. Или, нивниот профит достигнал 118 милиони евра, што е зголемување за 9 милиони евра во однос на 2019 година.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата