18 Декември, 2025
0.0528

ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА, КАРАНТИНИ И РЕСТРИКЦИИ - македонските банки лани „набилдале“ профит од 118 милиони евра, или девет милиони повеќе од 2019

Објавено во: Финансии 10 Март, 2021 10:32

Добивај вести на Viber

Во година на пандемија, карантини и рестрикции, македонските банки топ не ги бие. Нивната профитабилност во минатата година била поголема од кога било и достигнала 118 милиони евра.

Конкретно, лани домашните банки оствариле вкупен профит од 118 милиони евра, или прецизно 117,9 милиони евра. Ова го покажуваат податоците на Народна банка на Македонија.

Претгодната, пак, 2019 година, вкупниот профит на банките бил близу 109 милиони евра, или точно 108,7 милиони евра, што е за повеќе од 9 милиони евра помалку од лани, или точно за 9,2 милиони евра.

Она што треба да се спомене е дека на македонската банкарска сцена во 2019 година функционираа вкупно 15 банки, додека, пак, во 2020 година нивниот број се намали на 14 банкарски институции, откако НБМ и ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка, банката на Трифун Костовски, точно на 12 август, за недоволна капитализација.

Сагата за Еуростандард банка уште трае, бидејќи голем број од штедачите кои таму чувале над 30.000 евра, не можат да си ги намират своите средства од стечајната маса, за што главно ги обвинуваат сопствениците и менаџментот на банката, но и централната банка.

Како што е познато, Еуростандард беше во рангот на средни банки, и постојано книжеше загуби, со што се намалуваше вкупната профитабилност на банкарскиот сектор.

Па така, ако се гледа по групи на банки, во 2019 година, групацијата на средни банки во земјава, каде влегуваше и Еуростандард банка, имала загуба од 6,8 милиони евра, додека, пак, во 2020 година, односно лани, средните банки вкупно прикажале добивка, и тоа солидна, од 14,4 милиони евра.

Големите банки, пак, лани бележат значајно намалување на профитабилноста во однос на претходната 2019 година.

Или, лани нивната добивка изнесувала 101,1 милиони евра, наспроти 113,3 милиони евра, што е намалување нса профитот за добри 12,2 милиони евра.

Што значи дека подобрување има кај средните банки, но влошување кај големите банки, во поглед на нивните добивки.

Кога станува збор за малите банки, пак, нивната профитабилност е слична, односно само за 200 илјади евра е повисока во 2020 година, кога вкупно изнесувала 2,4 милиони евра, наспроти 2,2 милиони во 2019 година.

Банките лани им ги замрзнаа во два наврати ратите на граѓаните и компаниите кои се соочија со тешкотии поради корона кризата, но не им ги опростија долговите за камати, со што тие се распоредуваат за наредните ануитети. 

Сега во земјава има пет големи банки, шест средни, и три мали банки.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома