07 Мај, 2024
0.0288

Молк од институциите за богатството на владејачката партија

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Се уште молк од надлежните институции во однос на прашањата дали ќе се истражи потеклото на парите со кои партијата на екс премиерот Никола Груевски купува имот.

Без одговор и од Државната комисијата за спречување на корупција како и Јавното обвинителство .

Пред два дена  центарот за истражувачко новинарство-Скуп објави документарец во кое тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите политички партии на ниво на Европа.

Според истражувањето партијата поседува 93 имотни листови во кои е запишана вкупна површина поголема од 33.000 метри квадратни додеа вкупната вредност на имотот на ВМРО-ДПМНЕ се проценува на околу 60 милиони евра.

Ниту самата партија не одговара на овие тврдења, со колкав имот располагаат, додека директорот на Центарот за комуникации на партијата на Никола Груевски го повторил ставот дека целиот имот го стекнале на легален начин, за разлика од СДСМ кој имотот што го поседува го украл од граѓаните. 

Само за споредба, Христијанско Демократската Унија на Ангела Меркел во Германија поседува имот од 50 милиони евра, додека Лабуристичката и Конзервативната партија во Велика Британија заедно, не поседуваат поголем имот од 20 милиони фунти.

Целиот документарец од истражувањето можете да го погледнете на следниов линк.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава