Можеби добивте 20.000 денари - проверете ако скенирате фискални сметки
Објавено во: Финансии 06 Септември, 2020
Вчеравечер се одржа извлекувањето за 15 награди од по 20.000 денари од наградната игра „МојДДВ#Моја награда“. Во ова извлекување учествуваа 17.543.895 скенирани фискални сметки во период од 01. 08. 2020 година до 31.08.2020 година.
На главното извлекување на 19 декември, пак, ќе се доделат 1.000.000 денари, наместо иницијално предвидените 3.000.000 денари.