27 Април, 2024
0.0292

Можни сценарија: Потпретседателите на ДУИ го вратија Заев како фаворит за премиер?!

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска на полноќ истекува рокот на мандатарот Никола Груевски да состави влада. Како што отчукува часовникот, така развојот на настаните од акција се претвори во трилер. Неизвесноста се зголемува, а главната улога ја има Али Ахмети. Во овој најнов „македонски филм“, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се во споредна улога.

Централното претседателство на ДУИ на вчерашниот состанок кој траеше повеќе од десет часа не донесе одлука за тоа дали партијата ќе коалицира со ВМРО ДПМНЕ. Состанокот продолжува денеска кога завршува и крајниот рок за формирање влада.

Лидерот на партијата, Али Ахмети, по завршување на 10-часовните разговори во Мала Речица, кусо изјави дека сите опции се во игра и претседателството на ДУИ состанокот ќе го продолжува денеска.

„Нема договор со кого одиме во коалиција, се разгледуваат сите опции за што е можно подобра одлука во корист на Албанците, Македонците, Србите, Ромите, Власите. Се разгледуваат сите опции..“, изјави Ахмети.

Од централата на ДУИ цел ден протекуваа информации дека разговорите течат во тензична атмосфера, дека членството е против коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а само лидерот Ахмети и уште неколкумина од врвот на партијата инсистирале да прифатат коалиција со Груевски.

Емисари на Ахмети или раскол во ДУИ

Среде состанок од штабот во Мала Речица си заминаа тројцата потпретседатели на ДУИ, Невзат Бејта, Теута Арифи и Изет Меџити, кои отидоа во седиштето на СДСМ. Медиумите имаат различни верзии за мисијата на тројката потпретседатели, од тоа дека постои раскол во ДУИ, до тоа дека тие се пратени од Ахмети и оти тој во моментов преговара и со Заев и со Груевски.

По завршувањето на вчерашниот состанок, каде е Невзат Бејта и дали е во СДСМ, Ахмети одговори:

„Јас сум претседател на партијата и знам секој во секое време каде е и со кои обврски ги праќам“.

Во јавноста се појавија информации дека Арифи, Бејта и Меџити разговарале со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за условите за можна коалиција на партијата со СДСМ. Наводно потпретседателството успеало да го притисне Ахмети и неговите приврзаници коишто преферираат коалиција со Груевски и го убедиле дека треба да се разговара со социјалдемократите.

ДУИ е единствената шанса на Груевси за формирање влада. Ахмети и неговите најблиски соработници притискаат за влада со ВМРО-ДПМНЕ, но потпретседателстово даде силен отпор, како и најавите на дел од пратениците дека тие во Собранието нема да притиснат зелено копче за таквата влада.

Кои се можните сценарија?

1.Има договор меѓу ВМРО-ДОМНЕ и ДУИ

Ако раководството на ДУИ реши да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, Груевски треба да го извести Собранието дека има мнозинство од 61 пратеник, по што треба да се закаже седница, на која треба да биде избран претседател на предлог на ДУИ. Потоа спикерот на Парламентот закажува нова седница на која ќе треба да се гласа за новата влада.

2. Груевски го враќа мандатот, но останува во ВМРО-ДПМНЕ

Во случај ако Груевски сепак не успее да се договори со ДУИ и го врати мандатот, ВМРО-ДПМНЕ може да се повика на недоречености во Уставот, и  мандатот да му се додели на друг кандидат од ВМРО ДПМНЕ, доколку тој потврди дека има обезбедено мнозинство во парламентот. За ДУИ, најприфатлив мандатар би бил екс министеротза надворешни работи Никола Попоски.

3. ДУИ коалицира со СДСМ

Ако потпретседателите го надгласаат лидерот на ДУИ дека не треба да се коалицира со ВМРО ДПМНЕ, мандатарот нема друг начин да обезбеди мнозинство. Претседателот Иванов, иако не е запишано во Уставот, но водејќи се од праксата во историјата, мандатот мора да и го довери на наредната партија, според бројот на пратеници. Тоа е СДСМ со 49 пратеници, кој исто така ќе треба да коалицира со ДУИ, но и со другите партии на Албанците.

Одлуката на ДУИ ќе биде позната до ноќеска на полноќ, а од неа ќе зависи кое од овие сценарија ќе се овистини. 

Ј.М

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“