06 Мај, 2024
0.0879

МРТ: Андреа не можеме да ја повлечеме пред настап

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Македонската Радио Телевизија, по инцидентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на „Евросонг 2022“, кога нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме на тиркизниот тепих, објави дека нема да го повлече својот учесник пред самиот настап во полуфиналето.

Од таму велат дека по реакциите на јавноста, детално се разгледани сите аспекти за евентуалното повлекување на нашата претставничка од Евровизија. 

„Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Имено, со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа“, велат од таму.

Македонската Радио Телевизија најавува превземање на сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата и најавуваат можно изземање како организатор во изборот за наш следен претставник на Евросонг.

„Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот „Евровизија“ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија“ се додава во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта