30 Април, 2024
0.1974

Муквеге и Мурад „им ја зедоа“ Нобеловата награда за мир на Заев и Ципрас

Објавено во: Свет 05 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Добитници на Нобеловата награда за мир во 2018 година се Денис Муквеге и Надија Мурад, активисти за борба против сексуалното насилство во војна и оружени конфликти, со што дефинитивно лауреати нема да бидат македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас по изнаоѓањето на можно решение за деценискиот спор со името.

Номинациите на повеќе од 300 можни лауреати беа држени во тајност до самиот крај, а претходно уредникот на изданието рече дека Заев и Ципрас се меѓу кандидатите во оваа категорија.

Муквеге, гинеколог од Конго, беше номиниран неколкупати, додека младата активистка Надија Мурад, поранешна сексуална робинка на Исламска држава, веќе ја доби наградата Сахаров.

Комисијата рече дека докторот од Конго Денис Муквеге е „најистакнатиот, најобединувачки симбол на национално и на меѓународно ниво за борба против сексуалното насилство во војна и оружен конфликт“.

Мурад, пак, член на Јазиди-заедницата во Ирак, беше заробена од ИСИС и постојано силувана и подложувана на други малтретирања. Комисијата рече дека таа покажала „невообичаена храброст во раскажувањето на сопственото страдање“.

Во поголемиот дел од својот живот Муквеге им помага на жртвите на сексуално насилство во Демократска Република Конго. Заедно со неговите колеги истретирале илјадници жени кои биле жртви на сексуални напади, објави Нобеловиот комитет на Твитер.

Покрај тоа, тој покажал исклучителна храброст во своите јавни говори и осуди.

Лауреатите ќе ја примат наградата во вредност од девет милиони круни (870.000 евра). на 10-ти декември, на годишнината од смртта на Алфред Нобел. 

Следниот понеделник ќе биде последната Нобелова награда за економија. 


Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург