27 Април, 2024
0.0297

МВР демантира дека го малтретирале Коневски, тој вели се изживувале пред неговото дете

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи, во врска со вчерашната сообраќајна контрола врз патничко возило “БМВ 320“, сопственост на општина Аеродром, и управувано од И.К. од Скопје, категорично ги демантира и отфрла наводите за некакво малтретирање на полициските службеници врз возачот И.К при рутинскиот сообраќаен преглед.

„Имено, вчеравечер, околу 20,20 часот на бул. “Илинден“ во непосредна близина на бул “Св. Климент Охридски“, од сообраќајна патрола е сопрено посоченото возило и при контролата е утврдено дека, спротивно на законските прописи, на возилото имало посебни светлосни знаци (флешери). Поради тоа на возачот му е изречен прекршочен платен налог согласно член 139, став 11, од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“- наведуваат од МВР. 

Веста што денеска беше објавена во медиумите дека повторно сум ги вратил флешерите на општинското БМВ е апсурдна, бидејќи тие никогаш не биле отстранети за да можам повторно да ги вратам, реагира поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски.              

„Возилото на Општина Аеродром и го додели Владата на РМ со вградени флешери и оттогаш МВР нема побарано тие да се отстранат. Вчерашното стопирање на возилото и изживување пред моето 7 годишно дете и пишување прекршочна пријава за флешерите на возилото е продолжување на притисоците што почнаа уште во предизборната кампања и очигледен показател какви луѓе се на чело на МВР и на државата, кои се занимаваат со маргинални теми наместо да се фатат со решавање на проблемите на граѓаните, за што земаат плата“- стои во писмената реакција на Коневски. 

Екс градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски вчера заработи прекршочна пријава. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“