НА 52 ГОДИШНА ВОЗРАСТ ПОЧИНА ПОРАНЕШЕН ПРИПАДНИК НА ТИГРИТЕ И ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ СНАЈПЕРИСТИ - збогување од Стојанче Ангелов
Објавено во: Македонија 14 Март, 2023
На 52 годишна возраст вчера починал Игор Стефановски-Фифи, поранешен припадник на специјалната единица Тигр и еден од најдобрите снајперисти во таа единица во тој период.
Од Стефановски преку социјалната мрежа Фејсбук се прости поранешниот генерал Стојанче Ангеков, кој вели дека изгубил негов драг соборец.
„Почина Игор Стефановски - Фифи (1969-2023), поранешен припадник на Единицата за специјални задачи Тигар, еден од најдобрите снајперисти на Единицата во тој период, храбар бранител од 2001-та и мој драг соборец. Бог да го прости. Нека му е вечна славата“, напиша Ангелов на фејсбук.