03 Мај, 2024
0.0264

НА ДВЕ МЕНУВАЧНИЦИ ЌЕ ИМ БИДАТ ОДЗЕМЕНИ ДОЗВОЛИТЕ ЗА РАБОТА - што покажаа контролите на централната банка

Објавено во: Финансии 09 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Денарот е стабилен и ќе продолжи да биде стабилен, граѓаните не треба воопшто да стравуваат. Народната банка има институционален капацитет и соодветен монетарен инструментариум за одржување на стабилноста. Впрочем и во последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд, од февруари, јасно се посочува дека воопшто не се доведува во прашање стабилноста на курсот на денарот, вели во гостување на Топ Тема, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

„Повеќе од две децении, Народната банка води политика на одржување на стабилен курс на денарот во однос на еврото, вклучително и во кризни периоди, што самото по себе говори дека централната банка има институционален капацитет и соодветен монетарен инструментариум за одржување на стабилноста на курсот. За да една ваква стратегија е одржлива, централната банка мора да има доволно ниво на девизни резерви. Нашето ниво на девизни резерви во моментот е поголемо од 3 милијарди евра, односно 3,3 милијарди евра. За споредба, сега имаме два пати повисоко ниво на девизни резерви во однос на она за време на глобалната финансиска криза во 2008 година. Ако тогаш сме успеале да се справиме со таа криза, со двојно пониско ниво на девизни резерви, сега навистина нема никаква причина за загриженост на граѓаните“, посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Таа посочи дека честопати во кризни епизоди се шпекулира за курсот, како и дека тoa не носи корист никому, туку прави општа штета. Оттаму, гувернерката апелира на општествена одговорност на секој поединец, бидејќи од стабилноста на курсот зависи и макроекономската стабилност, која е клучна за просперитетот на нашата економија.

Во однос на шпекулативните обиди во сегментот на менувачкото работење, гувернерката посочи дека при вонредната контрола во која биле опфатени околу 64 менувачници, кај една четвртина од нив се констатирала законска неусогласеност. Во тек е правна процедура, а по финализирање на истата ќе следи прекршочна постапка, додека во два случаи и одземање на лиценца.

„Контролите продолжуваат и понатаму. Нема да дозволиме било какви шпекулации во овој сегмент, затоа што имаме доволно ниво на девизни резерви. Самите банки имаат девизен потенцијал, и тие вршат менувачки работи, исто како и менувачите, така да граѓаните во секој момент можат да купат девизи од банките. Донесовме и измена на еден подзаконски акт. Целта беше да се овозможи доколку инцидентно се случи одреден менувач да нема доволно девизи во текот на денот, да може да купи девизи од банките. Досега тоа не беше овозможено, а причината е дека досега менувачите секогаш на нето основа имаат вишок на девизи. Дури ако ги погледнеме податоците во месец март, кога беше изразен овој притисок на агрегатно ниво на менувачкиот пазар, има вишок на девизи и тој вишок на девизи е повисок за 17 отсто во однос на минатата година.“, посочува гувернерката.

Можеби ќе ве интересира

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа