На Илинден во Крушево ќе се обрати Талат Џафери
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2017
На 2 август, во Крушево говор ќе држи собранискиот спикер, Талат Џафери, информираат од неговиот кабинет.
Оттаму додаваат дека е ова дел од вообичаениот распоред за присуството на Илинден на претседателот на државата, претседателот на Собранието и на премиерот.
За 1 и 2 август најавена е и возвратната посета на бугарскиот премиер, Бојко Борисов кој се очекува во Македонија да допатува и со шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.
За 2 август премиерот Зоран Заев ќе присуствува на средбата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс со претставници на земјите членки и набљудувачи на Јадранската повелба, со цел да се координираат активностите за поддршка на земјите кандидати за членство во НАТО.