НА МЕТА БИЛА И ФРАНЦИЈА: Макрон тврди дека ИСИС-К која нападна во Москва сакала и кај нив да изврши напади
Објавено во: Свет 25 Март, 2024
Безбедносното ниво на Франција е подигнато на повисоко ниво.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ИСИС-К, огранок на терористичката организација Исламска држава забранета во Русија, за која се верува дека е вмешана во терористичкиот напад во салата „Крокус“ во близина на Москва, во последните неколку месеци се обидува да изврши напади во Франција.
Франција има три нивоа на тревога од тероризам, при што највисокото ниво се активира пред напад во Франција или во странство кога заканата од напад е неизбежна.
Во нападот во Русија загинаа 137 луѓе, а има и голем број повредени.