НА ПОВИДОК ДОГОВОР МЕЃУ САД И КИНА: Зошто Трамп ги одложи царините на кинески производи?
Објавено во: Свет 25 Февруари, 2019
Американскиот претседател Доналд Трамп соопштил дека САД ќе го одложи дополнителното воведување на царини на кинеска стока, јавија агенциите.
Зголемувањето на увозни царини на кински производи од 10 отсто на 25 би требало да стапи на сила на 1 март.
Трамп им рекол на новинарите дека САД и Кина постигнале „значаен напредок“ во трговските преговори во текот на викендов.
Како што пренесе Ројтерс, Трамп рекол дека тој и кинескиот претседател можеле да се состанат на неговиот имот во Мар а Лаго на Флорида, за да го заклучат договорот, ако двете страни остварат дополнителен напредок во Американско - кинеските трговски преговори на високо ниво кои се продолжени на 21 февруари во Вашингтон во обид да се постигне договор после повеќемесечни тензии и закани.