03 Мај, 2024
0.0304

На уште еден поранешен пратеник му заврши апанажата па стана директор

Објавено во: Македонија 21 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Алија Камбероски, поранешен пратеник на владеачката коалиција од изминатиот состав, стана в.д.директор на Дирекцијата за радијациона сигурност на местото на Светислав Ѓорѓевиќ со решение од Владата.

Поранешниот пратеник на Партијата за европска иднина (ПЕИ) во 2020 беше еден од поранешните пратеници кои поднеле барање до Собранието да им исплаќа плата 12 месеци по нивниот мандат.

Минатиот месец поранешните пратеници на СДСМ од собранискиот состав во периодот од 2016 до 2020 - Сашко Костов од Кочани и Бетиане Китев од Кавадарци, се примени како нови членови во Одборот на директори на ГА-МА, акционерското друштво во стоотстотна државна сопственост. Претходно и тие побараа да им се исплаќа годишна апанажа по завршувањето на пратеничкиот мандат.

Камбероски, како тогашен пратеник од струшко Лабуништа, беше познат помеѓу народните избраници и како рекордер според исплатени патни трошоци во Собранието за 2017 година со 12.847 евра.

Во 2020 Собранието објави дека на четириесет и четворица пратеници од поранешниот состав им е одобрено барањето за апанажа и дека ќе добиваат плата од државата во висина од пратеничка плата уште најмногу една година. Четворица пратеници од претходниот собраниски состав заминаа во пензија.

Поранешниот премиер Зоран Заев тогаш рече дека ќе им помогне на пратеници од поранешниот собраниски состав веднаш да бидат ангажирани на други позиции и работни места во јавниот сектор.

- Голем процент од поранешниот пратенички систав ќе има од мене лично понуда да се вгради во јавните институции. Не зборувам за директорски места, туку зборувам за позиции кои што ќе значат искористување на нивното драгоцено искуство и капацитет, да може да влезат во самите институции и да продолжат да креираат за својата држава, затоа што кога извршувале највисоки државни функции, редно е тие профили кои имаат свои експертизи и профили да придонесат во функција на државата. И следните месеци ќе бидат месеци на донесување на такви одлуки, така што верувам дека 50 до 60 отсто од овие апанажи веднаш ќе опаднат затоа што ќе има нова функција за нив, изјави Заев.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер