26 Април, 2024
0.0270

(ГАЛЕРИЈА) Над 1.500 жени трчаа во Градскиот парк за промоција на спортот и здравиот живот

Објавено во: Мои пари, Галерија 09 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Повеќе од 1.500 жени, меѓу кои имаше рекреативни тркачи, мајки со бебиња во колички, професионални атлетичарки, жени со своите миленици, девојчиња и пензионерки, беа дел од денешната Авицена Женска трка што се одржа во Градскиот парк во Скопје. Стартот на трката беше кај Школка, од каде учесничките истрчаа 2 километри низ паркот и на целта се освежија со „Пелистерка“, еден од главните поддржувачи на оваа манифестација.

Пред официјалниот старт на трката, учесничките половина час се загреваа со аеробик и одлична музика, водени од сертифицирани аеробик инструктори. По завршувањето на трката, пак, имаа дополнителни вежби за истегнување и за релаксација. Најдобрите три натпреварувачки во генералниот пласман добија награди, медали и дипломи, а награди имаше и за најдобрите три во неколку возрасни категории. Сите пријавени учеснички на трката добија подароци од спонзорите на настанот, а беше организирана и лотарија за сите учеснички, при што најсреќните дома заминаа со подароци обезбедени од бројните пријатели на трката.

- Здравиот живот и рекреацијата не се само навики, туку се култура на живеење. На сите нас рекреативното вежбање треба да ни биде неизоставен дел од секојдневието бидејќи грижејќи се за сопственото здравје, се грижиме и за нашите најблиски. Научните истражувања низ светот го потврдија фактот дека вежбањето, одржувањето на кондицијата и доволното количество вода се од огромно значење за здравјето на модерните жени. Затоа промоцијата на спортот и физичките активности се дел од втемелената определба на „Пелистерка“ кога станува збор за одговорен пристап кон заедницата и општеството – велат од „Пелистерка“, еден од главните поддржувачи на Женската трка.

Женската трка е дел од промотивните активности за најмасовниот спортски настан во Македонија, Скопскиот маратон, кој ќе се одржи на 7 мај. Целта на организирањето на Женската трка е да се популаризира трчањето како спортска активност меѓу жените и да им се предочат придобивките за нивното здравје од редовната рекреација и вежбање.

ФОТО ФАКТОР


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“