26 Април, 2024
0.0254

Едукација за безбедност и здравје на учениците

Над 17.000 основци учествуваа во проектот на Пивара Скопје за безбедни и здрави школски денови

Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Веќе четврта година по ред, Пивара Скопје, во соработка со општините, го реализира едукативниот проект на теми поврзaни со здравјето и безбедноста, наменет за учениците од четврто одделение. Оваа година со едукацијата беа опфатени над 8.000 ученици во 114 основни училишта во 11 општини и градови ширум земјата. Со ова, вкупната бројка на ученици кои во овие четири години има можност да се едуцираат за безбедни и здрави школски денови надмина 17.000.

Проектот се реализира преку интерактивни и сликовити презентации кои се прилагодени на возраста на учениците, преку кои тие, во присуство на своите наставници, добиваат совети за тоа како правилно да го држат телото при седење во училишната клупа и при работа со компјутер, како правилно да го носaт школскиот ранец, како да спречат повреди предизвикани од лизгање, препнување и паѓање и за тоа како да постапат при евентуална појава на пожар во училиштето.

Традиционално, и оваа година, реализацијата на презентациите официјално започна на 28. aприл - Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа. Во изминатите пет недели, презентациите ги изведуваа над 70 вработени во Пивара Скопје во што се вложени над 160 часови волонтерска работа. Сите вработени во компанијата редовно се обучуваат во областа на здравјето и безбедноста при работа, со што стекнуваат соодветно знаење кое преку овој проект имаат можност да им го пренесат и на учениците.

„Уште од почетокот на овој проект во 2014-та година, наидуваме на исклучително позитивен прием кај учениците кои со голем ентузијазам ги прифатија советите што им ги пренесуваме преку овие презентации. Тоа ни влева дополнителна енергија и мотив да продолжиме со ваквиот вид проекти чија цел е да ја поттикне и развие свеста кај најмладите за значењето на правилата кои обезбедуваат безбедни и здрави школски денови“, изјави Ламбро Патче - менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје, потсетувајќи дека оваа година компанијата започна и проект за едукација на учениците од прво до петто одделение за начинот и придобивките од рециклирањето и правилниот третман на отпадот. „На ваков начин, преку спој на едукација и забава, се обидуваме кај најмладите да создадеме здрави навики и вистински однос кон заштитата на животната средина кои според сите искуства најдобро се стекнуваат уште во рана возраст. Среќни сме што имаме ваква можност преку која можеме да го дадеме нашиот придонес кон создавањето здрава генерации и одржлива иднина за сите“, потенцира Патче.

Пивара Скопје континуирано се грижи и вложува во здравјето и безбедноста на своите вработени, но и напотрошувачите и пошироката заедница. За досегашните достигнувања и активностите на ова поле, компанијата е добитник на Националната награда за најдобри практики од областа на безбедноста и здравјето при работа. Пивара Скопје е меѓу првите компании во земјата која го има воведено и е сертифицирана според водечкиот меѓународен стандард за управување со безбедноста и здавјето при работа – OHSAS 18001.

За повеќе информации посетете ја интернет страницата ПОЛНА ЧАША - www.polnacasa.mk

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет