Над 500 потреси во охридско за десетина дена
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2017
Oд 18 до 29 јуни, во охридскo се регистрирани над 500 потреси, кои се слаби со Рихтерова магнитуда помеѓу 1 и 2, велат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 се регистрирани 31 земјотрес, а со магнитуда поголема 3 имало 4 земјотреси. Најсилниот потрес беше на 20 јуни во 15 часот и 10 минути. Тој беше со Рихтерова магнитуда 3.6 и беше почувсвуван во епицентралното подрачје со интензитет од V степени според Европската Макросеизмичка Скала.
Од утринава регистрирани се 10-тина земјотреси кои се почувствувани во епицентралното подрачје со интензитет од III степени според Европската Макросеизмичка Скала.
Ноќеска и утрово имаше три земјотреси во охридскиот регион.
Земјотресите не предизвикаа никакви материјални штети.
Експертите по сеизмологија оценуваат дека се работи за редистрибуција на напрегање на силите за сеизмички активно подрачје.