26 Април, 2024
1.1498

Нахрани 1000: На 17-ти октомври во Скопје најмасовна акција за донирање на храна по повод светскиот ден за борба против сиромаштијата

Објавено во: Мои пари 13 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Денес на прес-конференција беше најавена досега најмасовната акција за донирање на храна во Македонија -  “Нахрани 1000” во склоп на Мрдни со Прст,  а по повод одбележување на светскиот ден за борба против сиромаштијата, 17 октомври.

Граѓанската иницијатива “Мрдни со Прст”, “Црвен Крст на Град Скопје”, организацијата “Ајде Македонија”, Здружението на граѓани за помош на бездомници и загрозени семејства “Љубезност”, Сојуз на извидници на РМ и организацијата “АДРА”, на 17ти октомври (вторник), во периодот од 10:00 до 19:00 часот, за сите заинтересирани граѓани, ќе бидат достапни 5 штандови за донирање на храна во Скопје.

Штандовите каде во вторник ќе може да се донира храна, ќе бидат поставени на следните локации: Плоштад Македонија, пред Скопје Сити Мол кај Плеј кафе, во Аеродром пред Веро, пред Дом на Градежници и во Ѓорче Петров пред Тинекс.

“Податокот дека 445.000 граѓани во Македонија  можат да обезбедат само еден оброк на ден  доволно говори за потребата од адресирањена оваа тема и размрдување и активирање на граѓаните.

Во вторник на 17-ти октомври ќе собираме храна за бездомниците и за сите загрозени семејства на кои храната им е најпотребна во моментов. Пакетите ќе се прават на лице место заедно со граѓаните кои што ќе донираат. Се надеваме на огромен одзив од страна на граѓаните, но и од страна на бизнис заедницата и компаниите до кои беа испратени писма за нивно активно вклучување кон акцијата.

Целта на акцијата “Нахрани 1000“ е поттикнување на солидарноста, како и подигнување на општествената свест за донирање на храна на оние на кои таа им е најпотребна.

Организаторите за граѓаните и компаниите составија список на потребни производи кои што ќе може да се донираат на пунктовите: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Повеќе информации за оваа иницијатива се достапни на Фејсбук евентот за “Нахрани 1000“.

Можеби ќе ве интересира

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ