01 Мај, 2024
0.0260

Најмасовна акција за донирање на храна досега

“Нахрани 1000” обезбеди повеќе од 16.000 оброци за граѓаните од социјално ранливи категории

Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Акцијата “Нахрани 1000”, која минатата недела ги обедини солидарноста, хуманоста и желбата да се помогне на граѓаните од социјално ранливите категории, резултираше со најмасовна акција за донирање на храна досега одржана во нашата држава. За еден ден беа собрани 5 тони храна. Во “Нахрани 1000” се вклучија повеќе од 1000 граѓани и 16 компании чии донации обезбедија повеќе од 16 илјади оброци за граѓаните кои секојдневно се соочуваат со недостаток на храна.

По повод одбележување на светскиот ден на сиромаштијата, 17 октомври, со цел подигање на општествената свест за донирање на храна на оние на кои таа им е најпотребна, граѓанската иницијатива “Мрдни со Прст” заедно со “Црвен Крст на Град Скопје”, организацијата “Ајде Македонија”, Здружението на граѓани за помош на бездомници и загрозени семејства “Љубезност”, Сојуз на извидници на РМ и организацијата “АДРА” во Скопје организираа акција за донација на храна со поставување на 5 штандови за донирање на конзервирана и нерасиплива храна.

Акцијата симболично наречена “Нахрани 1000” наиде на огромен одзив од страна на граѓаните, бизнис заедницата и вработените од 16 компании во Скопје. Имено, за само еден ден на 5-те поставени штанда во главниот градии од 16те компании кои се приклучија на акцијата за донирање на Мрдни со Прст, беше собрана храна со вкупна тежина од 5 тона, што според пресметките значи над  16.000 обезбедени оброци само преку оваа акција.

Според организаторите, одзивот и интересот на граѓаните и компаниите за акцијата ги надмина очекувањата, имајќи го предвид фактот што оваа акција беше организирана за прв пат во Македонија. Со ова, се потврдува и потребата за почесто организирање на настани од ваков вид, но и можно претворање на оваа акција  во традиционален годишен настан, бидејќи како што велат тие, граѓаните од ранливите категории секојдневно се соочуваат со недостаток на храна.

Кон акцијата, покрај граѓаните, се придружија и веќе препознаените општествено одговорни компаниии вработените на Бимилк,Пивара Скопје, Vip, Авицена Лабораторија, Тинекс, Меккен Скопје, ДинерсКлуб Македонија, НЛБ Банка, Шпаркасе Банка, Октa, Осигурување Македонија, ИОМ, Олимпија Моторс, Консалтинг Интер Скопје, Виталија и Студио Модерна.

Организаторите ја упатија нивната огромна благодарност до сите поединци и компании кои мрднаа со прст и кои овозможија нивните сограѓани кои се соочуваат со проблемот со недостаток на храна да имаат топол оброк.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор