03 Мај, 2024
0.0273

Најчевска: Отстранувањето на 20 проценти од Уставот повлекува сместување на Охридскиот договор на полицата на историјата

Објавено во: Македонија 17 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Oтстранувањето на 20 проценти од Уставот би повлекло повеќе работи, меѓу кои и сместувањето на Охридскиот договор во историјата, вели професорката Мирјана Најчевска. 

„Отстранувањето на 20 проценти од Уставот повлекува: Сместување на Охридскиот рамковен договор на полицата на историјата; Затворање на министерството за политички систем; Отстранување на секое спомнување на правична застапеност; Отстранување на сите одредби со кои се предвидува афирмативна акција поврзана со вработувањето, студирањето, напредувањето; отстранување на одредбите кои се повикуваат на Бадентеровиот принцип“, пишува Најчевска на социјалните мрежи.


Додава дека ако трите партии кои бараат отстранување на 20 отсто, се согласуваат со ова, супер би било тоа да се случи. Вели дека таа од почетокот е против. 

Претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, претходно денеска изјави дека неговата и партиите на Билал Касами и Изет Меџити бараат утре на седницата во парламентот за уставните измени со цел внесување на бугарската заедница да бидат ставени во дневниот ред и уставни измени за бришење на одредницата „20 проценти“, која ја ограничува, како што рече, употребата на албанскиот јазик како официјален во земјата. Неизвесно е дали ќе има двотретинско мнозинство за внесување на Бугарите во Уставот. 

Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ