Најинтересните работи продадени на eBay
Објавено во: Економија, Стил 26 Јануари, 2016
Ebay како онлајн пазар постои веќе 20 години. Во моментов има над 25 милиони продавачи и 157 милиони активни купување.
Еве дел од најинтересните нешта продадени на eBay
Уметничко дело од горила
Горилата N'Dowe од зоолошката градина во Англија направила слика која е продадена за 180 фунти. Парите се подарени на организација која се грижи за спас на овие животни.
Стрип за Супермен за 3,2 милиони долари
Во 2014 година е продаден најскапиот стрип во светот. Стрипот за Супермен од 1938 година е продаден за 3,2 милиони долари
Животот на продажба
Иан Ашер, Британец кој живее во Австралија во 2008 година го понудил целиот свој живот на eBay, вклучувајќи ја куќата, автомобилот, работата и пријателите. Сакал со парите да започне нов живот. Добил понуда од 399 000 австралиски долари.
Писмото на Ајштајн
Во 2012 година писмото на Алберт Ајнштајн од 1954 година е продадено за над 3 милиони долари од само двајца заинтересирани купувачи.
Капата на Папата
Италијанскиот репортер на јавна аудиенција во 2014 година го замолил папата да ги заменат капите. Подоцна капата е продадена за 89 050 евра, а парите се дадени за хуманитарни цели.