НАЈМАЛКУ 550 ЕВРА СЕ ПОТРЕБНИ ЗА СЕМЕЈСТВО: На што се троши потрошувачката кошничка?
Објавено во: Економија 08 Јуни, 2020
Најголем дел од парите од домашниот буџет се одлеваат за храна и пијалоци.
Mинатиот месец граѓаните најмногу пари трошеле за храна и пијалоци.
Синдикалната минимална кошница според податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија, чини 33.315 денари.
За исхрана и пијалаци се трошат 42,61 отсто од овие пари.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната плата во Македонија изнесува 26.422 денари, и се однесува на плата исплатена во март годинава.
Најмалку пари граѓаните трошат за здравјето и за култура.