fake panerai watches „НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор
02 Мај, 2024
0.0282

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

Објавено во: Економија 19 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Стана познат на македонската јавност по создавањето на брендот за млечни производи „Здравје Радово“, потоа го продаде и излезе оттаму, а инвестираше во „Кораб Трница“, каде сега стопанисува неговиот син, а тој се концентрира на градежништвото, иако е сеуште ангажиран и во млекарницата.

Дали сте задоволни како „Здравје Радово“ се развива сега, откако вие излеговте оттаму, или можеше многу повеќе, го прашува водителот Мишко Иванов познатиот деловен човек Јован Дабевски, во подкастот „Бизнис муабети“, чија трета епизода за вас почитувани читатели ја емитуваме денеска на порталот Фактор.

„Можеше многу повеќе“, гласи одговорот на Дабевски.

Но, тоа не го смета за пад. Циклусите, вели, ми се такви во бизнисот, за околу 15 години се заситувам од одредени бизниси, се пронаоѓам, па влегувам во нови.

Лично тој продавал сирења и кашкавали на тезга на Зелено пазарче, каде што работел заедно со неговиот брат. И од тоа имало добра заработка, која потоа се инвестирала во еден од најдобрите македонски млечни брендови „Здравје Радово“. Кога го продава, пак, и излегува оттаму, има на располагање два до три милиони евра, кои ги инвестира во „Кораб Трница“, млекара и ресторан.

„Јас од 1987 до некаде 2002 година, значи некои 14 до 15 години, се занимавав со трговија на млечни производи. Тоа беа едни други времиња. Отворав увозни пазари - од Унгарија, Србија, Литванија, Молдавија, Грција, Бугарија... И еден по еден паѓаа, како ќе успеев да го пробијам како бренд. Меѓутоа, тоа беше тогаш едно тешко време. Се затвораа големите синџири, ако ги паметите, како што беа Центро, Славија и други. И јас тие млечни производи, како што се сирења и кашкавали, ги продавав на пазари, односно сам продавав на Зелено пазарче. Така што, како ќе го отворев еден пазар, со увоз на производи од таа земја, продажбата си одеше, потоа паѓаше брендот, влегуваа други... Тогаш во тоа време беа многу високи царините, најмалата беше 40 отсто, па одеа нагоре... А кога влегуваа сериозни играчи, да шверцуваат, јас се повлекував, барав нов пазар и така натаму... Тој период беше период на падови и растови“, се потсетува Дабевски.

А на прашањето на Иванов дали лично тој стоел на тезга и продавал, Дабевски со гордост одговара потврдно.

„Мојата сопруга стоеше во мала продавничка за млечни производи до деветти месец бременост, а јас и брат ми стоевме на тезга.

Дали бил посреќен тогаш или сега, Дабевски веќе дека е секогаш среќен и оптимист човек.

„Јас сум денеска најсреќен кога ќе влезам во погон, и многу луѓе ми се чудат, еве на пример сега во ‘Кораб Трница’ има извоз, и јас го собирам семејството, синот, ќерката, пријатели, и одиме попладне да пакуваме, и физички работам осум часа. Верувајте ми дека тогаш сум најсреќен, го пушташ мозокот на пасење и уживаш. Но, пследиоците од Зелен пазар сеуште ги влечам, оштетување на рбетниот столб, спондилози и слично“, вели Дабевски.

Повеќе детали слушнете во разговорот на Иванов со Дабевски само во подкастот „Бизнис муабети“ на порталот Фактор.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?