26 Април, 2024
0.0542

НАЈТРГУВАНИ АКЦИИ ВО ДЕКЕМВРИ: Како се тргуваше на Македонска берза последниот месец од 2016-та?

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Македонска берза во месец декември остварила добивка од 309.818.392 денари .

Последниот берзански билтен за последниот месец од 2016-та покажува дека берзата бележи пад на добивката од 29,47%. Во ноември прометот изнесуваше 439.243.698 денари.

Бројот на трансакции изнесува 2.045 и истиот паднал за -48,02 %.

Најтргувани акции на берза во декември биле акциите на Стопанска банка АД Скопје.

Со нив се реализирани вкупно 179 трансакции по просечна цена од 925,12 и 37,39% учество на пазарот.

Веднаш зад акциите на Стопанска банка најтргувани се акциите на Комерцијална банка Скопје со кои се реализирани 148 трансакции со 12,49% учество на пазарот и просечна цена од 2.884,94 денари.

Трети најтргувани акции во декември на македонска берза се акциите на фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје .

Извештајот покажува дека со хартиите од вредност на Алкалоид АД Скопје  се реализирани 99 трансакции со учество на пазарот од 8,69% и просечна цена од 5.368,32 по акција.

Охридска банка Скопје со промет од 9.429.430 се најде на четвртата позиција најтргувани акции на берза.

Петтото место најтргувани акции го зазеде Гранит Скопје со 68 трансакции и 599,79 просечна цена.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра