27 Април, 2024
0.0304

Намалената побарувачка од странство најголем проблем на преработувачката индустрија

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Менаџерите на преработувачките капацитети во државата ја оценуваат деловната состојба на нивните компании во јануари 2013 година како поповолна во однос на претходниот месец, а како понеповолна во однос на јануари 2012 година. Според анкетата која ја спроведе Државниот завод за статистика, менаџерите одговориле дека  обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец, како и обемот на производството во јануари 2013 година кој е поповолен во однос на претходниот месец. Очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. „Во јануари 2013 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во јануари 2013 година се незначително зголемени во споредба со претходниот месец“ покажува анкетата на Заводот за статистика. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во јануари 2013 година имаат недоволната странска побарувачка со 27,5%, недоволната домашна побарувачка со 18,8%, неизвесното економско опкружување со 11,4% и финансиските проблеми со 9,5%. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2013 година изнесува 60,0% од нормалното искористување

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра