03 Мај, 2024
0.0289

НАМЕСТО ПО 30, ШТЕДАЧИТЕ ОД ПРОПАДНАТИТЕ БАНКИ ЌЕ ДОБИВААТ ПО 50 ИЛЈАДИ ЕВРА - еве што друго носат законските измени кои ги планира Владата

Објавено во: Финансии 13 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Владата за оваа година си задала задача да го смени Законот за Фондот за осигурување на депозити, нешто што би требало да се случи некаде после летните месеци, барем според нејзината Програма за законски измени што се планираат за оваа година.

Клучните две новини што треба да ги донесат измените се обештетувањето на штедачите да се зголеми од 30 илјади на 50 илјади евра, и плус во обештетувањето да влезат и микро и малите фирми, а не само физичките лица, односно граѓаните, нешто што не е случај со постоечкиот закон.

Ова Владата веќе и го најави како размислување, неколку месеци по пропаста на Еуростандард банка, која предизвика големи потреси и реакции од незадоволните штедачи, но и компании на кои таму им заглавија средствата, бидејќи тие се законски приморани да ги чуваат своите пари во банка, но сега го издигнува на еден чекор погоре и го става во својата Програма за работа оваа година. Ова значи дека законските измени Владата би требало да ги изгласа некаде во септември или октомври годинава, но потоа „амин“ за нив ќе треба да даде и Собранието, односно народните избраници.

Владата навела дека ќе работи на измени на Законот за Фондот за осигурување на депозити, како усогласување со Директивата на ЕУ 2014/49 EU, за депозитни гарантни шеми.

„Со измените и дополнувањата на Законот за Фондот за осигурување на депозити, ќе се зголеми прагот на обештетување на депонентите во банките или штедилниците, од сегашните 30.000 евра на 50.000 евра. Дополнително, ќе се обесштетуваат и микро и малите претпријатија, кои не се опфатени со моменталното законско решение. Со ова, се очекува зголемување на довербата во банкарскиот сектор, а со тоа и задржување на стабилноста на финансискиот систем во целина“, се вели во програмата на Владата, во која се наведува дека предлагач на ова законско решение ќе биде Министерството за финансии.

За ова законско решение е наведено дека ќе нема фискални импликации. Ова од причина што Фондот за осигурување депозити ги обештетува штедачите од средствата кои ги прибира преку премии што ги плаќаат банките, а кои во моментов изнесуваат 0,25 отсто од нивните штедни влогови, процент за кој постојано се бараше да биде зголемен во изминатиот период.

Пред неколку месеци, токму Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка го иницираше прашањето дека треба да се зголеми премијата што во Фондот ја уплаќаат банките, тврдејќи дека „Фондот за осигурување на депозити работи исклучиво во корист на банките, а на штета на доверителите физички и правни лица“.

Штедачите ова го иницираа со тврдењето дека во нашата земја, „годишната премија законски изнесува најмногу до 0,7 отсто од депозитите во банките, додека во реалноста износот на премијата што Фондот со години ја наплаќа од банките изнесува 0,25 отсто“.

Натаму, како што нагласија штедачите, во сите земји од Европската унија, премијата за осигурување која ја плаќаат банките изнесува минимум 0,8 отсто годишно, што е уредено токму со Директивата на Европската унија 2014/49/ЕU од 2014 година.

Во најголем број земји очекуваната премија законски изнесува 0,8 отсто, додека истата е повисока во европските земји во нашето опкружување.

Еве го процентот на одвојувањето гледано по држави: Хрватска 2,50 отсто, Бугарија 1,00 отсто, Грција 1,39 отсто, Романија 2,71 отсто, Словенија и Унгарија по 0,80 отсто“, наведоа штедачите во тогашното свое соопштение.

Штедачите нагласија и дека во европските земји, обештетувањето изнесува до 100.000 евра и за физички и за правни лица доверители во пропадната банка.

„Во Македонија пак, овој износ е до 30.000 евра и тоа обештетување не важи за правните лица, кои истовремено се законски обврзани да го извршуваат целокупниот платен промет само и исклучиво преку банкарскиот систем“, потенцираа тогаш од Здружението.

А, министерот за финансии Фатмир Бесими, уште во октомври 2020 година, многу бргу по пропаѓањето на Еуростандард банка, не ја исклучи можноста за измени во Законот за Фондот за осигурување на депозити, потенцирајќи го тогаш неговиот став дека тие измени би требало да се реализираат во соработка со Народната банка и комерцијалните банки.

„Ќе разговараме за можноста за измени на Законот. Да видиме каква е практиката во светот и какви се европските норми за висината на осигурување на депозитите. Можно е да се зголеми прагот од 30.000 на 50.000 евра. Според европските норми опфатени се и правните субјекти, но кај нас во законот овој сегмент го немаме и би требало овие измени да ги вметнат и правните субјекти. За ова сепак е потребно да имаме разговори со банките . Можеби поризичните банки ќе треба да плаќаат и  повисока премија за осигурување на депозити. Сето ова ќе треба да се направи во соработка со Народната банка“, изјави своевремено Бесими.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа