03 Мај, 2024
0.2485

Народни рецепти за прочистување на крвните садови

Објавено во: Стил 05 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Прочистувањето на крвните садови од холестериновите плочи дава резултат само ако се исполни целиот комплекс од услови.

Со годините крвните садови ја губат еластичноста на ѕидовите и стануваат помалку порозни поради наталожените ѕидовите со холестеринови плакети. Реална станува заканата од затнувањето, издишувањето - се лоши нешта кои понекогаш доведуваат до прерана смрт.

Спасувањето е во промена на начинот на живот: потребно е правилно хранење, соодветен спорт, а не на последно место - примена на испробаните од генерациски рецепти за подобрување тонусот на крвните садови.

Еве неколку од нив. Пред да ги употребите, размислете дали ќе ја исфрлите од фрижидерот лошата храна: маргарин, сланина, паштети, полупроизводи, конзервирана со месо, топено сирење, павлака.

1. Сомелете 4 лимона со кората и излупени чешниња од 4 глави лук.

Ја ставаме добиената смеса во тегла од три литра и ја поливаме со 2,5 литри зовриена топла вода. Го ставаме капакот и ја оставаме да отстои три деноноќи. Исцедете ја и чувајте на ладно место. Пијте по една чаша на ден, поделено на неколку дози.

2. Земете 250 грама рен, лук и лимон, сомелете ги сите работи и потопете ги со 100 грама зовриената вода. Ја оставате добиената смеса во фрижидер во наредните 24 часа. Се зема по една лажица 30 минути пред јадење, три пати на ден.

3. Две лажици корени од валеријана се мешаат со чаша семе од анасон, две чаши мед и два литри топла зовриена вода. Смесата треба да се чува во термос. Откако ќе се излади - се цеди. Се зема по една лажица дневно на гладен стомак.