02 Мај, 2024
0.0337

Настаните од ГНП 2020 преточени во ризница на видео содржини за стартап заедницата, иноваторите и претприемачите

Објавено во: Економија 26 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Македонскиот стартап еко-систем повторно го покажа својот потенцијал преку бројните настани кои неодамна се одржаа во рамките на Глобалната недела на претприемништвото. Овој пат во онлајн формат поради пандемијата со КОВИД-19 ни, најверојатно многу посеопфатен и инклузивен за различни категории на можности за младите претприемачи и стартапи компании кои веќе се во зародиш. Со Марија Димовска маркетинг координтатор на ГНП 2020 и  проектен менаџер во Стартап Македонија разговараме за фокусот и резулатите на Глобалната недела на претприемништвото и целокупната понуда на говорници, настани и предавања.

Од 2018 година Глобалната недела на претпримеништво  се одржува под закрила на тимот на  Стартап Македонија како домаќин организација и Симона Чаминска како национален координатор која  е глобална инцијатива што се случува во 170 земји ширум светот. Веќе 3 години по ред успеваме да ја ставиме Македонија на глобалната мапа преку тоа што ги славиме претприемништвото и иновациите преку различни содржини и настани од стартап екосистемот. ГНП – глобалната недела на претприемништво се случува секоја година во третата недела од ноември 2020 и содржините на настаните гравитираат околу  4 главни теми. 

Во 2018 имавме само еден настан во Скопје каде беше презентирана анализата на стартап екосистемот. Во 2019 имавме 14 настани во 5 градови ширум Македонија и 23 партнер организации. Оваа година имавме над 3200 учесници за време на глобалната недела на претпримеништво, 54 партнер организации, 45 виртуелни настани кои со одржаа во 7 различни градови и 120 говорници. Во партнерство со организациите кои учествуваа во текот на неделата од  16-ти до 22-ри ноември ги опфативме сите главни ГНП теми за оваа година и тоа политики, образование, екоистем и инкузивност. Секоја од овие четири теми беше соодветно застапена низ најмалку една активност од страна на партнер-организациите,  каде се разменаа конструктивни идеи и се родија можности и партнерства за идна соработка.

Она што е значајно е тоа што со сите партнер организации се договривме настаните да бидат  виртуелни и истите да се снимаат. Па така снимките подоцна ги објавивме на YouTube каналот на Стартап Македонија со што ја збогативме ризницата на видео содржини на стартап заедницата. Сега широката јавност, ентјузиастите на иновации како и веќе постоечките членови на екосистемот може да ги разгледаат, проследат снимките од настаните и после завршувањето на ГНП со цел да се информираат како и самите да проценат по извесен период дали е направен дополнителен развој после самата недела и дали екосистемот се развива во саканата насока. Снимките од ГНП настаните можете да ги проследите на следниов линк.

Видео содржините не беа единствениот значаен резултат на ГНП 2020 бидејќи соработувајки со пратнер организациите за време на неделата на претприемништво успеавме и да добиеме повеќе членови на дигиталната екосистем платформа која е дигитален хаб и технолошко решение кое ги прикажува расположливите средства на стартап екосистемот. Учесниците на ГНП настаните исто така имаа можност да се информираат и за менторската платформа кој моментално се гради и ќе е  надополнување на веќе постоечката дигиталана екосистем платформа. Менторската платформа овозможува пренос на знаење од искусни локални и меѓународни претприемачи и експерти врз домашните стартапи со цел да се развијат или прошират на нов пазар.

Која беше целата на главниот настан оджан од страна на домаќин организацијата?

Во делот на политики Стартап Македонија како домаќин организација својот главен настан за ГНП 2020 го организира со фокус на успешните приказни од лобирање за  политки за развој на националниот стартап екосистем. Во изминативе 4 години се направени мошне храбри и решителни чекори од страна на тимот на Стартап Македонија кој заедно со подршка од членовите на стартап заедницата можеше успешно да лобира за воведувањето на конвертабилен заем. Иницијативата на кoнвертабилен заем се базира на ,,Законска и финансиска анализа“ која ја подготви Дејан Алексов претстедател и со-основач на Стартап Македонија.

Преку воведувањето на конвертабилен заем се  либерализира  инвестицискиот процес за стартапи при што бизнис ангелот влегува во сопственичка структура во стартап компанијата каде инвестираат во моментот  со инвестирањето.

На нашиот ГНП настан учествуваа  владини претставници како и Амбасадорките на САД и Швајцарија. Целта на настанот беше да се истакне важноста и потребата од континуирана комуникација помеѓу прeтставници на владата и прeтставници на екосистемот при процесот на креирање на влијателни политики за развој на екосистемот. Стартап Македонија на својот настан  застана на иста маса со владини претставници и членови на екосистемот каде се дискутираше за различни програми на финансирање и градење на капцитет со цел да се стигне до македонски глобален прозивод. Она што беше истакнато од страна на претставниците од влада е дека се креира за прв пат Стратегија за развој на стартап заедницата, со цел Македонија да стане регионален стартап хаб.Само ако има исцрпна и длабока дискусија за потребите на старатпите тогаш ќе може да се создаде благо пријатана средина за раст и развој на самите стартапите. Токму затоа Директоорт на ФИТР Коста Петров објави дека се креира стартап совет и самите стартапи ќе имаат можност да учествуваат во дискусијата со цел да се добие целосна слика за најгорливите препреки при развојот на еден стартап. Сите оние кои сакаат да ја проследат целосната  дискусијата можат да го направат тоа на следнов линк.

Програмата на ГНП 2020 понуди широк опсег. Кои се "ниш" теми беа опфатени и каков беше интересот за истите?

Оваа година се вложи многу труд страст и енергија во креирањето на ГНП програмата. Ковид кризата не принуди настаните да ги одржиме виртуелно, нo ентјузиазмот за да им се понуди на активните членови на стартап заедницата широк опсег на теми за разговор, а воедно стартап јазикот и тековните екосистем активности да се доближат до  широката јавност.  Предизвик стално постои со оглед дека од почетокот на ковид кризата сите настани, конференции обуки од  физички се трансформираа во виртуелни. Со цел да имаме поголем успех оваа година некои од организациите тесно ги вмреживме и поврзавме како што беше случајот со Women In Tech Macedonia со здружение на бизнис жени. Исто така оваа година вклучивме и четири универзитети и тоа: Универзитетот Кирил и Методиј, Универзитетот Гоце Делчев, Интернационален Балкански Универзитет и  Американскиот универзитет со цел академијата повеќе да се анимира во полето на иновации и креативни бизнис идеи како и да се поттикнат студентите т.е. идната генерација на претприемачи за тековните расположливи средства во стартап екосистемот. 

Имавме и дополнителни настани кои не беа во оспегот на четирите главни ГНП теми а такви беа настаните на Galexia, Creative Hub, World Chicago, M6, Oracle, Civitta, AETM, Maкедонска берза , X Factor, Preda Plus, Duel Consulting и Startup Huddle. Конкретно настанот за дигиталнa трансформација на стартапи во соработка со Oracle овозможи Игор Маџов со-основач на Стартап Македонија да разговара со вработени од разлчни сектори на Oracle за работата со стартапи  и тековните технолошки револутивни трендови.

Друг настан кој е нов сегмент во склоп на ГНП и за прв пат се одржа оваа година e Startup  Huddle  каде во соработка со ИМЕ и домашните стартапи EmbedSocial и AgFutura успеавме да ги доблииеме стартапите и нивните иновативни решенија  до традиционалните бизниси  од  туризам и земјоделство. Па така преку овој настан едни од најпогодените сектори од Ковид кризата можеа да се запознаат со дигитални решенија креирани од домашни стартапи кои ќе им се од помош во процесот на прилагодување на новата нормала.

Во дослух со препораките од минатогодишната ГНП се потрудивме во овогодинешната програма да има обезбедиме простор на наши млади претприемачи и основачи на домашни стартапи.  Ги именуваме овие настани Пијачка со претприемач со што 6 различни претприемачи од различни сектори на македонски албански и англиски разговараа за својата стартап приказна и патот до успехот. Мислам дека овие настаните и беа едно од најпосетените па така широката јавност имаше и можност да го слушне гласот на претприемачот, домашните стартапи кои искрено ги споделија и грешките како и успешните резултати  а со тоа ја поттикнаа и идната генерација на претпримеачи да ги искористата вече постоечките инструменти во екосистемот при реализацијата на нивна бизнис идеја.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?