06 Мај, 2024
0.0230

Наумче Мојсоски со два стана во Скопје, наплатил побарување од 100 илјади евра

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Поранешниот ракометен репрезентативец Наумче Мојсоски е првата одлука за нов директор во новиот владин мандат, а сега Државната комисија за спречување на корупција го објави и неговиот Анкетен лист, според кој новиот прв човек на Агенцијата за млади и спорт поседува имот од 15-тина милиони денари.

Според имотот кој го пријавил поранешниот ракометар на Пелистер, Вардар и Металург, поседува два стана во Скопје. Едниот од 107 метри квадратни вреди 6 милиони денари и купен е во 2010, а другиот од 46 метри квадратни вреди 3 милиони денари. Стружанецот од возила поседува Ситроен стар четири години со вредност од 500.000 денари, како и опел корса од 2002 која сега вреди 60.000 денари.

Во 2014 како побарување преку судска пресуда добил 6 милиони денари, што најверојатно станува збор за заостанати плати од периодот кога настапуваше во Металург кога клубот од Автокоманда се наоѓаше во финансиска криза. Мојсоски има и кредит од 1,2 милиони, како и заем од еден милион денари.

Наумче Мојсовски вели дека како поранешен спортист на позицијата нов директор на Агенцијата за млади и спорт назначен од Владата доаѓа без ниту еден ден платен стаж за пензиско и здравствено осигурување, но дека токму тоа му е мотивот во иднина да работи успешно на оваа прва негова државна функција.

Тој дојде на местото на поранешниот директор на агенцијата, Дарко Каевски, кој во меѓувреме стана пратеник во Собранието. Поранешниот ракометар на Пелистер, Вардар и Металург беше дел од „златниот период“ на македонската репрезентација од  2009 до 2016 година која во меѓувреме го освои и петтото место на едно Европско првенство.

До сега извршуваше само партиска функција, а од сега и државна како именуван функционер од Владата. Мојсоски беше дел од делегацијата со премиерот Зоран Заев и првиот вицепремиер Артан Груби која заедно на граничниот премин Блаце, ги пречекаа македонските фудбалери после остварувањето историски пласман на Европското првенство.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години