04 Мај, 2024
0.0307

Наумов: Услов за бескаматните кредити е приходите да се намалени за 30 отсто

Објавено во: Финансии 24 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Аплицирањето за новите бескматните кредити од 8 милиони евра од КОВИД 2 кредитната линија почнува од среда во 00.00 часот. Јавниот повик е веќе објавен на веб страната на Развојната банка и во него се наведени условите.

„На компаниите со ова им даваме неколку денови да ги подготват своите апликации. Аплицирањето ќе биде целосно електронски,а единствениот мејл со адреса kreditiranjekovid2@mbdp.com.mk. Документацијата останува иста како за кредитната линија КОВИД 1. Речиси сите документи со обрасци на Развојната банка се достапни на веб страната. Уверението од УЈП кое треба да биде заклучно со 31 јануари 2020 година, може да побара електронски преку системот на е-даноци“. рече Кире Наумов, директор на Рзвојната банка.

Формулата за пресметка на кредитот нема да важи за компаниите под пет вработени, во смисла дека тие ќе можат да аплицираат за износ исто така од 3.000 евра, без разлика што ако се применува формулата, нема да се достигне тоа ниво. Значи, и фирмите со помалку од пет вработени ќе можат да земат кредит од 3.000 евра. 

Формулата нема да важи и за компаниите ид 128 до 250 вработени, така што тие максимално ќе можат да конкурираат за 90 илјади евра.

Условот за кредит е да биде пад на приходите за најмалку 30 проценти. Притоа, во образецот апликантите треба да напоменат дека приходите во март 2020 се помали од март 2019 за 30 отсто, или дека приходите во март 2020 се помали за 30 отсто во однос на просечните месечни приходи во 2019 година. Целта е да се избегне сезонската компомента. 

Од првата кредитна линија, рече Наумов, побарувачката за кредити го надминува двојно буџетот со кој располага развојната банка. Тој аплираше компаниите што не зеле кредит од КОВИД 1 линијата, да ја искористат шансата и да аплицираат за КОВИД 2 линијата. Ќе се даваат средства по принципот прв дојден, прв услижен.

Заедно со централниот регистар е договорено дополнително олеснување за кредитокорисниците. Марија Бошковска, директорка на Централниот регистер, рече дека преку интернет дистрибутивен систем ќе им се помогне на фирмите. Документите кои им се потребни на кредитобарателите Централниот регистар ќе ги дава бесплатно, и тоа тековна состојба, потврда за стечајна или ликвидациона постапка и листинг за годишна завршна сметка за 2019. Олеснување е и тоа што странките нема потреба да доажаат до Централниот регистар за да ги извадат потребните документи, туку тие електронски ќе ги преземаат вработените од Развојната банка. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата