26 Април, 2024
0.0300

НБМ: Ризикот од Европа ита кон Македонија

Објавено во: Финансии 12 Јули, 2012

Добивај вести на Viber

Народната банка на Македонија стравува дека поради продолжувањето и продлабочувањето на должничката криза може да растат проблемите и за домашната економија, а посебно во динамикатана економската активност. Банкарскиот сектор, утврдила НБМ, со учество од 88,6 проценти во активата на финансискиот систем, е носител на финансиската стабилност во земјата. НБМ смета дека во реалниот сектор го гледа најголемото влијание на кризата од Европа. - Ликвидноста е на многу ниско ниво. Обемот на активности и остварувањата на корпоративниот сектор и неговата ефикасност во справувањето со ризиците на кои е изложен, во голема мера, го определуваат расположливиот доход и воопшто финансиската моќ на населението – се вели во дописот од НБМ. Во 2011 година, констатира НБМ, банкарските активности растеа со забавено темпо во однос на претходната година, но нивното учество во бруто домашниот производ на земјата се зголеми. - Стабилноста на банкарскиот сектор се потврдува и со целосната покриеност на нефункционалните кредити со издвоена исправка на вредноста, со неговата висока ликвидност и висока и стабилна солвентност. Воедно, резултатите од извршените стрес-тестови покажуваат задоволителна отпорност на банкарскиот систем на симулираните шокови – се вели во известувањето од НБМ. Народната банка констатира дека дека пензиските фондови, со учество од 4,3 проценти и осигурителниот сектор кој учествува со 3,4 проценти се следните најзначајни два сегмента во финансискиот сектор.

Можеби ќе ве интересира

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните