27 Април, 2024
0.0354

НБРМ: Четири нови ковани пари за колекционерски цели пуштени во оптек

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Четири нови ковани пари се пуштени во оптек. 

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на кучето – богата година на кучето“, „Година на кучето – безбедна година на кучето, „Руски лавиринт“ и „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 90/17 и 118/17).

Кованата пара „Година на кучето – богата година на кучето“ ги има следниве карактеристики:

-на аверсот, во центарот на монетата се претставени грбот на Република Македонија и годината на издавањето на монетата - „2018“. Околу монетата (по должината на периметарот) се прикажани натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

-на реверсот, во центарот на монетата е претставена слика на куче во боја што влече запрежна кола на две тркала исполнета со златни монети. Во заднината се прикажани листови од детелини. Над централната слика на монетата се наоѓа натписот: „БОГАТА ГОДИНА НА КУЧЕТО“ на англиски јазик.

Кованата пара „Година на кучето – безбедна година на кучето“ ги има следниве карактеристики:

-на аверсот, во центарот на монетата се претставени грбот на Република Македонија и годината на издавањето на монетата - „2018“. Околу монетата (по должината на периметарот) се прикажани натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

-на реверсот, во центарот на монетата е претставена слика на куче во боја претставено како заштитник на домот - куче кое прегрнува куќа. Над куќата е прикажано небо со ѕвезди, Сонцето и Месечината. Во горниот дел од реверсот на монетата (по должината на периметарот), се наоѓа натписот „БЕЗБЕДНА ГОДИНА НА КУЧЕТО“ на англиски јазик.

Овие ковани пари се изработени од сребро Ag925, со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто од 26,16 г и во кружна форма со димензија 38,61 мм.

Цената на кованите пари „Година на кучето – богата година на кучето“и  „Година на кучето – безбедна година на кучето“ изнесува 3.200,00 денари.

Кованата пара „Руски лавиринт” ги има следниве карактеристики:

-на аверсот, во централниот дел е прикажан лавиринтот со две дупки на кованата пара. Во горниот дел од аверсот е претставен грбот на Република Македонија, а под грбот - годината на издавање 2017. Околу кованата пара се наоѓаат натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ (на македонски јазик) и латинската изрека „PER ASPERA AD ASTRA“ (со значење „низ трње до ѕвездите“).

-на реверсот, во централниот дел е прикажан лавиринтот кој се наоѓа во Долната градина во Петровиот дворец (Петерхоф) (Русија), со фонтана во центарот и Петровиот дворец во позадина. На двете страни од лавиринтот се претставени портрети. На левата страна е прикажана статуа на Петар Велики – творец на лавиринтот во Петровиот дворец, а на десната страна - статуа на Ана Јоановна, која ја продолжила работата на Петар Велики. Во централниот дел на кованата пара се наоѓа натписот „RUSSIAN LABYRINTH“. Исто така, прикажани се натписите: „Peter the Great“ и „Anna Ioannovna“ (околу кованата пара, по должината на периметарот) и ознаката „Ag925“ во долниот дел од кованата пара.

Овaa кованa парa е изработенa од сребро Ag925, со тежина на среброто од 50,45г, чистота на среброто од 46,67 г и во кружна форма со димензија 47,00 мм.

Цената на кованaтa парa „Руски лавиринт“ изнесува 4.300,00 денари.

Кованата пара „50 години од Македонската академија на науките и уметностите” ги има следниве карактеристики:

-на аверсот, во горниот дел од монетата е претставен грбот на Република Македонија и натписот „Република Македонија“ на македонски јазик. Во централниот дел на монетата се претставени натписите: „1967-2017 . 50 години“ и „бројот 50” во чија средина е претставено логото на „Македонска академија на науките и уметностите  .  Скопје“. Во долниот дел на монетата се претставени натписите: „100 денари“ и годината на издавање „2017“.

-на реверсот, во централниот дел на монетата е прикажана слика на зградата на Македонска академија на науките и уметностите, а под неа натписите „1967-2017“ и „Аg925“. Околу монетата, по должината на периметарот е прикажан натписот: „Македонска академија на науките и уметностите Скопје“ на македонски јазик.

Овaa кованa парa е изработенa од сребро Ag925, со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто од 26,16 г и во кружна форма со димензија 38,61 мм.

Цената на кованaтa парa „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“ изнесува 2.500,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија на следнава врска: www.nbrm.mk/Ковани пари за колекционерски цели.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра