27 Април, 2024
0.0303

НДП и БЕСА коалицираат и ќе се тркаат во четири изборни единици

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Национална демократска преродба и движењето БЕСА на претстојните избори закажани за 11 декември ќе настапат како коалиција. 

Оваа информација на јавноста ја соопштија денеска. 

Коалицијата ќе го носи името ПРЕРОДБА СО БЕСА.  Тие ќе се залагаат за интеграција на земјата во НАТО и отворање на преговорите за пристапување во ЕУ, за деполитизација и департизација на системот на правда, системот за безбедност, администрацијата, и борба против секоја форма на корупција и злоупотреба на власта, да се загарантира слободата и независноста не медиумите, за борба против сите форми на екстремизам и ксенофобија, како и за евалуација на Охридскиот договор и друго. 

Коалицијата има  кандидатски листи за изборните единици 1, 2, 5 и 6. Во изборната единица број еден ПРЕРОДБА СО БЕСА ќе биде предводена од потпретседателот на Движењето БЕСА, Зеќирија Ибрахими, во изборната единица  2 коалицијата носител е генералниот секретар на Движењето БЕСА, Африм Гаши, во изборната единица  5 е Арбен Лабеништи, исто  потпретседател на Движењето БЕСА. Во 6 изборна единица носител е претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, а зад него е претседателот на Националната демократска преродба, Фадил Зендели на место број 2.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“