03 Мај, 2024
0.0243

Не можете да заспиете – Еве еден лесен трик за пред спиење

Објавено во: Стил 10 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Се поголем дел од луѓето го сфаќаат штетниот ефект од прекумерната потрошувачка на сол и шеќер врз здравјето. Сепак овие два природни производи можат да се покажат како корисни за човечкиот организам, ако бидат прифатени во умерени количини.

Всушност солта и шеќерот помагаат за зајакнување на имунолошкиот систем, намалување на главоболката, подигање на енергијата, зголемување на нивото на серотонин и електролити, намалување на стресот и други работи. Освен тоа тие придонесуваат за мирен и квалитетен сон.

Еве како

Потребни производи:

1 лажиче нерафинирана морска сол 5 чајни лажици нерафиниран кафеав шеќер

Начин на употреба:

Истурете ги состојките во посебен сад и измешајте ги добро. Пред да си легнете ставете од добиената смесата под јазикот и почекајте додека таа се стопи целосно. Сместете се удобно и релаксирајте се. Уживајте на еден здрав и плоден начин на спиење. Користете го овој метод секој пат кога имате потреба да заспиете за еден брз и лесен начин.