Не очекува многу студен викенд, наместа со снег
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2018
Претстојниот викенд ќе биде одбележан со неповолни временски услови, одбележани со намалени температури и снежни врнежи на повисоките места.
Времето денеска ќе биде претежно облачно и суво, со умерен југоисточен ветер. Во крајните јужни и северни планински делови, особено попладне, ќе има услови за претежно слаб снег. Утринската температура се движи од еден до седум, а дневната ќе биде од пет до 11 степени.
Во сабота ќе се задржи облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и јужните делови.
Од недела ќе бидеме под влијание на релативно студена и влажна воздушна маса од која се очекуваат врнежи претежно од снег, само во крајниот југоисточен дел од земјава ќе бидат од дожд и снег.
До вторник се очекува формирање на снежна покривка на повисоките места, а на планините значително зголемување на истата.